Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)
Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате доматите во фрижидер?

Никој не може да знае сè, па дури и да сакате да готвите, веруваме дека правите некои грешки во кујна, како и сите други.
Проблемот е што некои грешки можат да имаат влијание врз вкусот на храната, без разлика колку сте вешти.
Грешки во кујна што веруваме дека ги правите и вие:
Ја ставате храната во незагреана тава
Кога пржите нешто, мора прво малку да ја загреете тавата, да ставете масло и да ја ставете храната дури откако ќе се загрее и маслото.
Доколку ја ставите храната во ладно масло, таа ќе впие дел од него и ќе се промени вкусот.
Покрај тоа, во тавата ќе има помалку масло, па поверојатно е храната да ви се залепи за неа.
Ги чувате компирите и кромидот заедно
И компирите и кромидот се намирници што не мора да се чуваат во фрижидер.
Но, исто така не треба да ги чувате заедно.
Кромидот испушта гас што го забрзува ’ртењето на компирите, што значи ако ги чувате заедно, ќе ви траат пократко.
На кромидот му треба место со доток на воздух, додека компирите треба да се чуваат на студено, суво и мрачно место.
Целиот зеленчук го чувате во фрижидер
Повеќето видови зеленчук треба да се чуваат во фрижидер за да траат подолго.
Но, ова не важи за сите.
На пример, доматите е подобро да ги чувате надвор од фрижидер, бидејќи ниската температура им ја менува текстурата, но и вкусот.
Ова не важи за исечени домати – во тој случај чувајте ги во фрижидер за да траат подолго.
Не ги дробите зачините
За да ја ослободите аромата од сувите зачини, препорачливо е да ги протриете со прстите пред да ги ставите во јадењето.
Исто така, треба да ги ставите порано, а не при крај на готвењето, за да се ослободи аромата.
