Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната)
Ја преполнувате тавата
За храната да се испржи добро, без разлика дали е зеленчук помфрит или месо, не треба да ја преполнувате тавата.
Ако ја преполните, тогаш нема да ја испржите храната, туку ќе биде како да сте ја готвеле на пареа. Притоа, нема да се зготви рамномерно.
Ја превртувате храната многу рано и многу често
Со честото превртување на храната не правите ништо бидејќи не ѝ давате време да се зготви.
Ако, на пример, правите палачинки, не брзајте да ги превртите бидејќи ќе ви останат залепени на тавата. Почекајте додека долната страна целосно да се испече, па дури тогаш превртете ја.
Претерувате со преливот за салати
Без разлика што користите како прелив за салата, немојте да ја „давите“ салатата во него.
Исто така, подобро е прво во садот да го ставите преливот. Ставете прво половина од количината што мислите да ја употребите, додајте ја салата и промешајте.
Дури потоа додајте уште малку прелив ако сметате дека е малку. На овој начин на дното нема да ви се прави локва од прелив.
Ставате масло во водата кога варите тестенини
Ако додадете масло во водата со тестенини, нема да го спречите лепењето бидејќи маслото ќе исплива на површината.
За да не ви се залепат тестенините, треба повремено да ги промешувате додека се варат.
Не го оставате испеченото месо да отстои
Ако веднаш го исечете месото откако ќе го испечете, тогаш во внатрешноста ќе биде суво.
Доколку го оставите да отстои 10-тина минути, ќе има време соковите од него да се распоредат, па целото месо ќе биде сочно.
Спирова С. | Црнобело
