6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо)
Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа е најдобро да ги чувате на темно и суво место.

Ако фрлате многу храна уште пред да стигнете да ја приготвите, тогаш можеби правите грешка во нејзиното складирање.
Шест намирници што е најдобро да не ги ставате во фрижидер:
Банани
Ако ги купите бананите позелени, тогаш не ги ставајте во фрижидер бидејќи нема за созреат.
Можете да ги чувате во фрижидер дури откако ќе бидат зрели, за да ви траат подолго.
Леб
Освен ако не станува збор за леб на кој е наведено да се чува во фрижидер, немојте да го чувате таму.
Ако го ставите во фрижидер, лебот ќе делува бајато, а од влагата, може да се појави мувла.
Мед
Медот нема да се расипе во фрижидер, но ќе му се смени текстурата и ќе биде невозможно да го извадите од теглата.
Сосема безбедно е медот да го чувате на собна температура.
Лук и кромид
Поради влагата, лукот и кромидот можат да фатат мувла. Притоа, нивниот мирис може да се разнесе низ фрижидерот, па целата храна да има мирис и вкус на лук или кромид.
Најдобро да ги чувате на суво и темно место.
Компири
Повторно поради влагата, и компирите можат да мувлосаат во фрижидерот.
Исто така, поради ниската температура, скробот во нив може да се разложи во шеќер, па компирите да имаат и поблаг вкус.
Домати
Слични како бананите, и доматите треба да ги чувате на собна температура додека да станат зрели за јадење.
Дури потоа преместете ги во фрижидер.
Спирова С. | Црнобело
