Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет)
Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика во квалитетот ако ги купите од поевтин бренд.

Кога цените на храната и буквално сè постојано растат, нормално е да сакате да заштедите и да бидете повнимателни со вашите пари.
Но, од друга страна, сигурно сакате и да ги дадете парите за нешто квалитетно.
Некогаш цената навистина е показател за квалитетот, но во некои ситуации, можете да го добиете истиот квалитет и за пониска цена. Треба само да пробате неколку разни брендови, без да се водите по тоа кои се најскапи.
Кои продукти и намирници генерално се исто квалитетни и ако се поевтини?
Зачини
Сосема во ред е да купувате зачини од поевтини брендови бидејќи кај повеќето нема многу разлика.
Важно е само да го проверите рокот на траење – ако се многу стари, зачините ја губат аромата.

Сол
Истото важи и за солта – слободно купувајте го најевтиниот бренд.
Секако, цената може да варира во зависност од тоа дали е морска, хималајска и слично. Овие типови сол обично имаат повисока цена, но во ред е и нив ако ги купувате од поевтини брендови.

Продукти за чистење
Ова не важи за буквално сите продукти за чистење, но слободно пробајте ги поевтините.
Некогаш и навистина евтин продукт може да биде исто ефикасен како најскапиот.

Јаткасти плодови
Некои јаткасти плодови се поскапи, како бадеми и индиски ореви и во ред е да ги купите од кој било бренд.
Генерално, најисплатливо би ви било да ги купувате рефус, особено ако сакате непечени.
Зипер кеси
И кај зипер кесите за складирање нема многу разлика од бренд до бренд.
Сосема во ред е ако купите и поевтини.

Грав и слични продукти
Во овој случај важен е типот на гравот, леќата и слично.
Не мора да значи дека најскапиот е и најдобар, па пробувајте и поевтини варијанти.

Овошје и зеленчук
Кога купувате овошје и зеленчук, не мора да одите во продавницата каде што се најскапи бидејќи тоа не мора да значи дека ќе бидат поквалитетни.

Спирова С. | Црнобело
