8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење)
Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исечете авокадото – неколку кујнски трикови што сигурно ќе ви се најдат.

Секој треба да знае барем некои основни работи во кујна – да испржи јајца, да свари тестенини или, пак, само да направи салата.
И, без разлика колку често готвите, треба да знаете и некои основни трикови.
Осум кујнски трикови што сите треба да ги знаат:
Исечете го зеленчукот надолго пред да го исечкате на парчиња
За зеленчуците со цилиндрична форма, како краставици, тиквички и моркови, секогаш е полесно прво да ги пресечете на половина надолго, па потоа да ги сечете на мали парчиња.
Ова е добар трик ако не сте многу искусни со нож.
Изладете го месото пред да го сечете
Сечењето живо месо може да биде проблематично поради неговата текстура.
Но, ќе си го олесните целиот процес ако го ставите во замрзнувач 15-тина минути пред да го сечете.
Трик за најлесно сечење авокадо
Најпрво, пресечете го авокадото на половина, а потоа со ножот извадете ја семката, како на фотографијата подолу.
За лупењето да оди полесно, додека уште е во лушпа, исечете го на коцки, па одделете го од лушпата со лажица, како на фотките подолу.
Како да им го продолжите рокот на свежите зачини и лиснатиот зеленчук?
За свежите зачини и лиснатиот зеленчук, како марула, да ви траат подолго, завиткајте ги во влажен хартиен бришач, па ставете ги во зипер кеса. Вака спакувани, чувајте ги во фрижидер.
На овој начин и полесно ќе забележите ако се расипале – доколку почна да се појавуваат кафеави дамки на бришачот, фрлете ги.
