5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар?
Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може да биде вистински предизвик, нели? Сепак, експертите имаат решение.

За ефикасно да го решите проблемот со малку простор, а многу гардероба, понекогаш треба да побарате стручна помош.
Или, пак, можете да искористите некој совет на експертите и да „заштедите“ на простор, но и да си ја намалите нервозата ако сфатите дека не ви собира сè?
Во продолжение се 5 практични трикови - барем дел од нив ќе ви помогнат.
Поставете шипки на вратите (за чевлите)
Многу чевли може да се складираат во плакарот така што ќе ги закачите на шипката (поставена на шина) за потпетицата.
Со овој метод можете да складирате многу повеќе пара чевли во мал простор.

Користете организатори
Дури и без експертите сигурно знаете дека можете да користите организатори за складирање.
Правоаголните или коцкестите кутии се од голема помош во плакарите и секој милиметар од просторот ќе биде пофункционално искористен.
Висечкиот организатор (сличен на оние што ги даваат на хемиско чистење) овозможува во една „ќеса“ да сместите повеќе облека, но секое парче ставете го на посебна закачалка за полесно да можете да видите што има во секој организатор.

Додајте полица што се извлекува
Помеѓу полиците во плакарите честопати има празен простор.
Тука можете да ставите мала полица на извлекување (налик на фиока, но пониска), па неа да ставате накит, шалови, дребулии.
Практично е и поради тоа што ќе имате поголема прегледност на работите.

Не складирајте сè на полиците
Облеката што се става превиткана на полиците заштедува простор, а можете да ја редите и во два реда - напред зимската облека, летната позади (во зима), а потоа сменете им ги местата - летните парчиња напред, а зимската одзади на лето.
Но, не треба сите парчиња да ги ставате на полиците. Облеката од свила или деликатни материјали кои лесно се туткаат или може да се оштетат, подобро е да ги ставите на закачалка наместо превиткана на полица.

Не чувајте премногу облека
Во 99% од случаите, плакарите имаат во себе премногу облека и што и да правите, нема да можете да складирате сè.
Најпрво темелно исчистете го вашиот плакар, а целата облека што не ја носите (или чевлите и аксесоарите) донирајте ги или фрлете ги.
Тоа нека бидат стари и износени предмети, работи што не сте ги облекле барем 2 години и парчиња кои одамна не се во мода.

А. Ј. | Црнобело
