Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба)
Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со што да ги замените кујнските алатки, за да не ги купувате за само една употреба (ако не сте личност која прави многу комплицирани јадења)?

Ако не готвите многу често или генерално се држите до поедноставни оброци, тогаш не ви ни требаат некои кујнски алатки.
Но, ако некогаш ви притребаат, не мора да ги купувате само за една употреба бидејќи можете да импровизирате со она што веќе го имате дома.
Неколку (бесплатни) алтернативи на кујнските алатки:
Стаклено шише наместо сукало
Ако немате сукало, можете да употребете стаклено шише – важно е само добро да го измиете.
Чаша наместо шаблони за колачиња
Ако правите колачиња, но и што било од тесто што треба да го исечете на форми, од корист може да ви биде најобична чаша.
Конзерва со храна наместо чекан за месо
Конзервата со храна може да послужи како замена за чекан за месо.
Важно е само да ја обложите со најлонска фолија, а отпосле добро да ја измиете за да не останат бактерии од живото место.
Инка за вадење семки од цреши
Ставете ја инката во чинија свртена наопаку, па ставете ја црешата на малиот отвор од инката. Потоа само притиснете и семката ќе остане на отворот.
Можеби со овој трик нема да бидете брзи како со алатка за вадење цреши, но ако ви треба само за една употреба, ќе ви заврши работа.
Лажица за прецедување наместо алатка за одвојување жолчки
Лажицата за прецедување може да ви замени алатка за одвојување жолчки и белки.
Ставете ја лажицата врз длабока чинија и во неа скршете го јајцето – жолчката ќе остане на лажицата, а белката ќе падне во чинијата.
Кујнски штипки за цедење лимон
Ако немате цедалка, за да не го цедите лимонот со рака, може да ви послужи и кујнска штипка.
Нож за пица за сечење свежи зачини
За побрзо да ги исечете свежите зачини, можете да искористите нож за пица.
Спирова С. | Црнобело
