12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не?
Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбургер.

Секојдневно читаме и слушаме работи поврзани со здравата исхрана. Исто така, овие работи честопати се контрадикторни. Едни велат дека е здраво да се јаде овошје преку цел ден, други препорачуваат негово внесување само наутро.
А и сите сме слушнале дека бремените жени треба да јадат за двајца - но дали е тоа здраво и дали е вистинит факт или само мит кој се пренесува од колено на колено?
Ова се неколку митови за исхраната во кои многумина веруваат, но кои не се целосно точни:
Свежото овошје и зеленчук се поздрави од конзервираните, замрзнатите или сушените
Свежото овошје и зеленчук генерално се сметаат за поздрави. Но, истражувањата покажуваат дека замрзнатата, конзервирана и сушена храна може да биде исто толку хранлива, зашто не се уништуваат витамините кои се наоѓаат во нив.
Истовремено, ваквото овошје или зеленчук е практична опција, зашто ви овозможуваат секогаш да имате залиха од некои производи на кои не им е сезоната.
Ако ги купувате, важно е внимателно да ги прочитате состојките зашто некои производи може да содржат додаден шеќер, сол или заситени масти.
Најдобро е да изберете од оние со што е можно помалку од овие адитиви.

Мастите се непријател број еден
Долго време се веруваше дека сите масти се штетни. Ова мислење се појави откако неколку истражувања во средината на 20 век ги поврзаа мастите со покачен холестерол.
Ова доведе до голем пораст на производи со ниска масленост, а мастите беа заменети со шеќер и рафинирани јаглехидрати.
Но, наместо да слабеат, многу луѓе почнаа да ја зголемуваат тежината уште побрзо.
Факт е дека не сите масти еднакви. Постојат здрави масти, како што се оние што се наоѓаат во маслиновото масло, јаткастите плодови, авокадото и рибата, а кои се корисни за телото.
Тие влијаат добро на срцето, мозокот и хормоналната рамнотежа, а го олеснуваат и апсорбирањето витамини.
Затоа, не треба да сметате дека само производите без маснотии се здрави.

Растителното млеко е поздраво од кравјото млеко
Многу луѓе веруваат дека млеката на растителна база, како што се оние направени од овес, бадеми или ориз, се поздрави од кравјото млеко, но тоа не е секогаш точно.
Дури и кога се гледа содржината на протеини, една чаша кравјо млеко обично содржи околу 8g протеини, додека чаша бадемово млеко содржи 1-2g, а овесното млеко содржи 2-3g.
Пијалоците на растителна основа често содржат и додадени состојки, како што се сол и шеќер, што може негативно да влијае на здравјето.
Значи, млекото од растително потекло не е секогаш похранливо од кравјото млеко.

Исхраната со малку јаглехидрати е најдобар начин за слабеење
Верувањето дека диетата со малку јаглехидрати е најдобра за слабеење и не е сосема точна.
Всушност, поважно е да се изберат вистинските јаглехидрати наместо храна со малку јаглехидрати.
На пример, зеленчукот, овошјето, мешунките, интегралните житарки, овесната каша, кафеавиот ориз и лебот од интегрални житарки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси, а помагаат и во борбата против болестите.
Иако намалувањето на јаглехидратите може да ви помогне да ослабете, целосното исфрлање намирници со јаглехидрати од исхраната може да претставува вистински предизвик бидејќи постои ограничен број на намирници со ваков состав.
Затоа е подобро да вклучите здрави јаглехидрати во вашите оброци и да уживате во исхраната.

Природните засладувачи се здрави
Честопати се убедуваме дека природните замени за шеќер како мед или сируп од агаве се здрава алтернатива, но телото и нив ги обработува на истиот начин како обичниот шеќер. Иако некои природни замени навистина може да содржат мали количини на микронутриенти, разликата меѓу нив и обичниот шеќер е минимална.
Пример се чоколадните колачи кои често содржат мед и јаткасти плодови, а се продаваат како „здрави“. Целиот шеќер, без оглед на тоа како е вклучен, има иста калориска вредност - 4 kcal на грам.
Важно е да се запомни и тоа дека консумирањето на замените за шеќер исто така треба да биде ограничено.
Се препорачува да не се надминуваат 6-9 лажички шеќер дневно, вклучувајќи го и шеќерот што се внесува преку соковите или преработената храна.

За време на бременоста треба да јадете повеќе овошје, помалку чоколадо
Не сите овошја се корисни за време на бременоста.
Папајата (иако скоро и да ја нема кај нас) може да предизвика предвремени контракции бидејќи содржи латекс, што е опасно за фетусот.
Грозјето, ако се консумира во големи количини, може да ја зголеми телесната маса, што може да биде штетно за мајката.
Од друга страна, умерен внес на темно чоколадо може да биде корисно за бремените жени, бидејќи помага во стабилизирање на расположението и поддршка на имунолошкиот систем.
Истражувањата покажуваат и дека редовната консумација на темно чоколадо може да го намали крвниот притисок и ризикот од прееклампсија.

