12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не?

Преку овошниот сок го зголемувате внесот на овошје

Верувањето дека овошниот сок е добар начин да внесете уште малку овошје во вашата исхрана не е сосема точно.

Соковите содржат многу додаден шеќер, а една чаша може да содржи и до 30g - тоа се речиси 8 лажички.

Прекумерната консумација на шеќер го зголемува ризикот од многу хронични заболувања.

Најдобриот начин да го зголемите внесот на овошје е да јадете вистинско овошје, кое во себе содржи и растителни влакна.

А кога сте жедни, подобро е да изберете вода или млеко со ниска масленост.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-09.jpg

Овесната каша е најдобар избор за појадок

Овошната кашата не е секогаш идеален појадок, особено ако изберете пакувани алтернативи кои во себе содржат многу додадени шеќери.

Затоа избегнувајте инстант житарки за појадок - особено овесна каша. Овесната каша може да предизвика скок на шеќерот во крвта, проследено со нагло опаѓање на истиот и предвремено чувство на глад.

Подобро е да изберете храна богата со протеини (на пример јајца) со зеленчук и на тој начин да избегнете нагло скокање и паѓање на шеќерот во крвта.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-05.jpg

За време на бременоста, треба да јадете за двајца

Колкупати сте слушнале дека бремените жени треба да јадат за двајца? Но, тоа не е вистина.

Според некои истражувања, во бременоста треба да додадете само околу 350 калории дневно.

Ова лесно може да се постигне со додавање 2 или 3 мали, здрави закуски, како што е банана со лажица путер од кикирики или неколку крекери.

Не се прејадувајте - малите додатоци на вашата редовна исхрана се доволни.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-07.jpg

Смутито е здрава алтернатива за сок

Пиењето смути има многу придобивки - се зголемува внесот на влакна и на витамин Ц во организмот.

Но, интензивната обработка на смутито, особено индустриски произведените, ги ослободува шеќерите што природно се наоѓаат во овошјето.

Ова ги претвора шеќерите во „слободни шеќери“, што може да доведе до расипување на забите, да содржи вишок калории и да предизвика нагло зголемување на шеќерот во крвта.

Честото пиење смути наместо внес на цврста храна може да доведе до прејадување.

Ова е затоа што течната (или полутечната) храна не го задоволува гладот ​​толку добро или долго како цврстата храна.

Затоа е најдобро да се пие смути во комбинација со друга храна, за време на оброците на пример, и да се ограничи бројот на внесени чаши дневно на максимум 2.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-02.jpg

Јаткастите плодови придонесуваат за зголемување на телесната тежина

И покрај тоа што се висококалорични, јаткастите плодови се здрава храна. Тие содржат протеини, влакна, витамини и минерали.

Според истражувањата, луѓето кои често јадат јаткасти плодови имаат помал ризик од зголемување на телесната тежина.

Вклучувањето бадеми во вашата исхрана, на пример како утринска ужина, ќе го намали гладот ​​и е ефикасен начин за контрола на апетитот.

А јадењето 40 грама ф'стаци дневно ќе ја направи вашата исхрана побалансирана и похранлива, без да влијае на вашата тежина.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-06.jpg

Авокадото е здраво и можете да го јадете без ограничувања

Иако авокадото е хранливо, богато со растителни влакна и масти здрави за срцето, сепак е доста богато со калории.

Препорачана количина во еден оброк е само е 1/3 од средно авокадо (50g).

Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбургер.

Затоа, колку и да е здраво, препорачливо е да се јаде во многу мали количини.

12-mitovi-za-zdravata-ishrana-vo-koi-mnogumina-veruvaat-dali-se-vistiniti-ili-ne-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)? Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg