Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор)

Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонските градови, но и тој чичко што продава крофни со крем или шеќер на грчките плажи, или оној кој пече клафчиња на скара по шеталиштата на туристичките места - улична храна која ја обожававме во лето како деца, но и ден-денес буди носталгија.

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-01.jpg

Кога бевме деца речиси сите ги обожававме вкусните јадења кои се продаваа по улиците и парковите. 

Иако дел од нив не се баш најздрава опција и многупати токму затоа ни ги забранувале, не може да кажеме дека не ни се скриено задоволство до ден-денес. 

Некои од нив е сосема во ред да си ги дозволиме, а некои иако е подобро да се избегнуваат, не значи дека не ни будат носталгија и убаво чувство кога ќе ги видиме и мириснеме. 

Улична храна која сите ја обожаваме во лето, независно дали сме во родниот град или на одмор: 

Домашни ѓевречиња од подвижен стакларник кои се продаваат низ улиците на нашите градови

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-.jpg

Крофните кои ги продаваат во послужавници на грчките плажи

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-0222.jpg

Шеќерна волна од Градскиот парк во Скопје (или кое било друго место)

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-03.jpg

Клафчиња пченка кои се печат на скара навечер покрај шеталишта на туристички локации

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-05.jpg

Мини американски крофнички со шеќер во прав и чоколаден прелив

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-06_copy.jpg

Карамелизирани јаболка

ulichna-hrana-koja-site-ja-obozhavame-vo-leto-vo-rodniot-grad-ili-koga-sme-na-odmor-04.jpg

М. М. | Црнобело

Фото: depositphotos.com / pexels.com

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)? Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg