8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат)
Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите неговото количество организмот и ако јадете сладок компир.

Кога е во прашање негата на кожа, важни се продуктите што ги користиме. Но исто важен (а можеби и поважен) е начинот на исхрана.
Ако не внимавате на исхраната, внесувате многу преработена храна и ретко консумирате свежи продукти, ниту најскапите кремови и серуми нема да ви помогнат.
А, поради своите состојки, некои намирници не само што ја одржуваат кожата здрава, туку можат и да ве подмладат.
Дел од нив во продолжение:
Авокадо
Авокадото е богато со витамин Е кој ја намалува штетата од слободните радикали, сончевата светлина и недостатокот од колаген.
Има и здрави масти кои ја одржуваат рН вредноста на кожата и нејзината влажност.
Лосос
Како авокадото, и лососот е богат со здрави масти кои ја штитат кожата од оштетување.
Тој содржи и омега 3 маси киселини кои можат да ја намалат штетата на кожата, особено од дехидратација.

Бобинки
Бобинките се богати со антиоксиданти кои ја намалуваат штетата од слободни радикали. Притоа, имаат и витамин Ц.
Од овие плодови, особено се истакнуваат јагодите, но и бобинките со црвена боја, како малини.
Сладок компир
Ретинолот, поточно витамин А, е честа состојка во продуктите за убавина.
Но, можете да го зголемите неговото количество и со помош на сладок компир.
Слатките компири содржат многу бетакаротен кој, пак, телото го претвора во ретинол.

Зелен лиснат зеленчук
Зеленчукот како спанаќ и марула е богат со витамини Ц и К, но и со каротеноиди кои ја штитат кожата.
Ако ги консумирате често, може да го зголемите производството на колаген во организмот кој, пак, е клучен за нејзината здрава состојба.
Јаткасти плодови
Покрај здравите масти, јаткастите плодови содржат и витамин Е кој ѝ годи на кожата.
Имаат и состојки кои при често консумирање, можат да го изедначат тонот на кожата, да ја подобрат нејзината еластичност, па и да ја намалат појавата на брчки.

Домати
Доматите се богати со ликопен, вид каротеноид што ја штити кожата.
Важно е да знаете дека нивото на ликопен е повисоко кај зготвени домати.
Зелен чај
Зелениот чај содржи флаваноли – состојка која може да ја заштити кожата од штетата што ја предизвикуваат ултравиолетовите зраци.
Некои истражувања покажале и дека честото пиење зелен чај може да помогне ако имате црвенило на кожата или сувост.
Секако, чајот е добар и за хидратација – нешто што е особено важно за состојбата на кожата.

Спирова С. | Црнобело
