Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“
„Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од најчестите прашања што ги добивам? Ова е клучниот момент што треба да го запаметите...“, вели нутриционистот Антонио Велковски и ни ја решава вечната дилема.

Антонио Велковски работи како нутриционист повеќе од 5 години, но и како радио водител, а за себе вели дека е несуден професор по македонски јазик.
На својот Инстаграм профил тој споделува забавни информации на тема исхрана, а сега одговори и на едно од прашањата кое многумина постојано го поставуваат: „Дали смеам да го загревам компирот и оризот или треба да ги фрлам?“...
Неговото објаснување, кое ќе ви користи и вам:
„Оризов да го подгревам или да го фрлам?
Знаете дека тоа е едно од најчестите прашања...?

Знаете дека тоа е едно од најчестите прашања што ги добивам за ориз и компир?
Најчесто се мисли дека самото подгревање е тоа што е опасно, ама вистината е дека проблемот се случува многу порано, уште пред подгревањето на оризот.
Да ви го објаснам... Работата е во тоа што оризот често содржи бактерии, кои природно преживуваат на високи температури за време на готвењето.

Додека храната е врела, тие воопшто не се никаков проблем... Ама кога оризот ќе го останете подолго време да стои на собна температура, мислам со часови, овие бактерии почнуваат да се размножуваат и да создаваат токсини.
И ова е клучниот момент што треба да го запаметите....
Ако тие токсини веќе се создавале, додека оризот стоел заборавен во кујна, подгревањето воопшто нема да ве спаси.
Значи, тие се толку отпорни на топлина што остануваат во храната, дури и ако таа повторно се подгрее.
Истото правило важи и за компирот.

Ако долго време го оставите да се лади на собна температура, вие веќе ризикувате труење со храна.
Без разлика колку добро ќе го подгреете подоцна.
А дали ова значи дека вишокот храна треба да се фрли? Не, не. Апсолутно не!
Ама, мора да се исполнува еден многу важен услов. Храната откако ќе се зготви 1-2 часа подоцна, задолжително мора да се складира во фрижидер.

Значи, планот е многу едноставен. Готвите, јадете и тоа што останало, веднаш го прибирате во фрижидер.
Кога ќе се решите следниот ден повторно да јадете, го подгревате јадењето, убаво додека не биде врело низ целата површина и си уживате во брзо приготвениот оброк“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
