10-те најздрави зеленчукови плодови и нивните придобивки

Исполнет со круцијални антиоксиданти за зајакнување на имунитетот, хранливи влакна, Б-витамини и минерали, зеленчукот е „вистинската зделка“ која може да има големо влијание врз вашето здравје.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki-1.jpg

Безброј студии го поврзуваат внесувањето зеленчук со намален ризик од хронични заболувања, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и различни видови карцином.

Бидејќи содржи многу вода, зеленчукот е исто така од суштинско значење за хидратација и варењето на храната, додека истовремено им овозможува на корисните бактерии на вашето тело да преживеат и напредуваат.

Се препорачува зеленчукот најчесто да се јаде суров или варен, а пржењето и печењето да бидат што поретки.

Во продолжение ви ги претставуваме 10-те најздрави зеленчукови плодови и нивните придобивки:

1. Спанаќ

Овој зеленкаст зеленчук се наоѓа на врвот на табелата како еден од најздравите зеленчуци, благодарение на својот импресивен хранлив профил.

Една чинија (30 грама) суров спанаќ обезбедува 56% од вашите дневни потреби за витамин А, плус целото дневно барање за витамин К, а целото количество содржи вкупно 7 калории.

Спанаќот може да се пофали и со голем број антиоксиданти, кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од хронични заболувања.

Една студија од 2015 година открила дека консумирањето спанаќ е корисно за здравјето на срцето, бидејќи може да го намали крвниот притисок, како и ризикот од карцином.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki povekje 02 630x380.jpg

2. Морков

Морковите се преполни со витамин А, обезбедувајќи дури 34% од дневната препорачана вредност со само една чинија (128 грама).

Тие содржат бета-каротин, антиоксиданс што им дава на морковите живописна портокалова боја, и можат да помогнат во превенцијата од карцином.

Всушност, студија открила дека една порција моркови неделно допринела за намалување на ризикот од рак на простата за 5%.

Друга студија покажала дека јадењето моркови може да го намали ризикот од рак на белите дробови и кај пушачите. Споредено со оние кои јадат моркови барем еднаш неделно, пушачите кои не јаделе моркови имале трипати поголем ризик од развој на карцином на белите дробови.

Морковите исто така се богати со витамин Ц, витамин К и калиум.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki povekje 03 630x380.jpg

3. Лук

Лукот има навистина долга историја на употреба како лековито растение, а неговите корени се протегаат од Кина до Египет.

Главната активна состојка во лукот е алицинот, растителното соединение кое во најголем дел е одговорно за неговите различни здравствени придобивки.

Неколку студии покажале дека лукот може да го регулира шеќерот во крвта, како и да го подобри здравјето на срцето.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki povekje 04 630x380.jpg

4. Грашок

Грашокот се смета за скробен зеленчук. Ова значи дека тој содржи поголема количина на јаглехидрати и калории отколку зеленчукот што не е скроб и може да влијае врз нивото на шеќер во крвта ако се јаде во големи количини.

Грашокот е неверојатно хранлив - една чинија варен зелен грашок содржи 9 грама хранливи влакна, 9 грама протеини и витамини А, Ц и К, рибофлавин, тиамин, ниацин и фолат.

Бидејќи е богат со растителни влакна, грашокот го одржува здравјето на дигестивниот систем преку зајакнување на корисните бактерии во цревата и промовирање редовно празнење на дебелото црево.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki povekje 05 630x380.jpg

5. Ѓумбир

Коренот од ѓумбир се користи како зачин во сè - од солени специјалитети, до најблагите десерти.

Историски гледано, ѓумбирот се користи и како природен лек за заболувања на коските.

Неколку студии ги потврдија корисните ефекти на ѓумбирот врз мачнините и гадењето. Речиси 1.300 бремени жени потврдиле дека ѓумбирот значително ја намалил нивната мачнина.

Ѓумбирот исто така содржи моќни антивоспалителни својства кои можат да бидат корисни во лекувањето на разни воспаленија.

10-te-najzdravi-zelenchukovi-plodovi-i-nivnite-pridobivki povekje 06 630x380.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg