Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми
Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во борбата со вишокот килограми.
Покрај редовната физичка активност, начинот на исхрана е исто важен ако се обидувате да ослабите.
Веројатно веќе ви е јасно дека овошјето и зеленчукот се секогаш добар избор, но некои видови овошје можат дополнително да го поттикнат слабеењето.
Овошје што може да ви помогне да ослабите:
Јагоди
Јагодите се одличен сојузник во борбата против килограмите, а се верува и дека го забрзуваат метаболизмот.
Покрај тоа, имаат хранливи влакна, што значи можат да ве заситат.
Истовремено, имаат и антивоспалително дејство, што е одлично за оние кои вежбаат во теретана.
Јаболка
Како јагодите, и јаболката имаат малку калории, а се богати со хранливи влакна.
Покрај тоа, нивниот рок на траење е релативно долг ако ги чувате во фрижидер.
Мандарини
Мандарините се богати со хранливи влакна, но и со вода.
Од нив има и бројни здравствени придобивки поради антиоксидантите и витаминот Ц.
Лубеница
Лубеницата е одлична ужина бидејќи сигурно ќе ве засити, но и ќе ве хидрира. Притоа, речиси и да нема калории.
Лубеницата му годи и на дигестивниот систем.
Праски
Како и останатите овошја на листата, и праските се богати со хранливи влакна, а имаат и состојки што го поттикнуваат слабеењето.
Тие се богати и со калиум кој може да ги ублажи болките во мускулите по вежбање.
Малини
Се верува дека малините имаат состојка која го намалува таложењето масти. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за ова.
Истовремено, и малините се богати со калиум.
Сливи
Сливите имаат малку калории, а се богати со неколку витамин, вклучувајќи Б3 кој е добар за луѓето со висок холестерол.
Тие имаат и многу магнезиум, а се добри и за дигестивниот систем.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





