Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста

Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчук, како и храна богата со протеини и хранливи влакна. Секое дете има различни потреби во зависност од физичката активност, фазата на развој и полот, па кога станува збор за исхраната, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca01.jpg

Откако бебето ќе престане да цица или да се храни со специјална формула, за родителите може да биде вистински предизвик да научат со што сè треба да го хранат.

За ова секогаш е најдобро да се консултирате со лекар, а од помош можат да ви бидат и следните информации.

Кои хранливи материи треба да ги внесува детето?

Слично како возрасните, и за децата е важно да јадат храна богата со (корисни) хранливи материи. Калориите и количината на овие материи зависат од возраста на детето, полот, како и неговата физичка активност.

Генерално, детето треба да јаде најмногу:

  • Храна богата со протеини – пилешко, јајца, грашок, грав, морска храна
  • Овошје
  • Зеленчук
  • Продукти од житни култури – интегрален леб, интегрални тестенини, овес, киноа, ориз
  • Млечни производи – млеко, јогурт, сирење

Препорачливо е да го ограничите внесот на продукти со додадени шеќери, заситени масти и многу сол.

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-02.jpg

Колку калории и хранливи материи треба да внесува детето според возраста?

Во овој случај, секогаш е добро да разговарате со лекар бидејќи потребните калории и хранливи материи не зависат само од возраста.

Водич за внес на калории и хранливи материи според Mayo Clinic:

Покрај возраста, количината варира во зависност од полот на детето, физичката активност и фазата на развој.

2 до 4 години

  • Калории: 1.000 до 1.600
  • Храна со протеини: 60 до 140 грама
  • Овошје: 140 до 200 грама
  • Зеленчук: 140 до 200 грама
  • Продукти од житни култури: 80 до 150 грама
  • Млечни производи: околу 400 грама

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-03.jpg

5 до 8 години

  • Калории: 1.200 до 2.000
  • Храна со протеини: 80 до 150 грама
  • Овошје: околу 200 грама
  • Зеленчук: околу 200 грама
  • Продукти од житни култури: 100 до 170 грама
  • Млечни производи: околу 450 грама

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-4.jpg

9 до 13 години

  • Калории: 1.400 до 2.600
  • Храна со протеини: 110 до 170 грама
  • Овошје: околу 400 грама
  • Зеленчук: околу 400 грама
  • Продукти од житни култури: 140 до 250 грама
  • Млечни производи: околу 600 грама

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-05.jpg

Пример за план на исхрана

Можеби сите овие бројки изгледаат збунувачки, но ако се трудите вашето дете да јаде разновидна и свежа храна, не би требало да имате проблеми.

Предлог план за исхрана за дете на возраст од околу шест години:

Појадок:

  • Околу 30 грама житни продукти, како парче интегрален леб
  • Околу 30 грама храна со протеини, како 1 лажица путер од кикиритки
  • 1 шолја млеко

Ужина:

  • Околу 150 грама овошје, како банана

Ручек:

  • Околу 60 грама храна со протеини, како пилешко направено со малку масло
  • Околу 100 грама зеленчук, како салата или печени моркови со малку масло
  • Околу 30 грама храна од житни продукти, како парче интегрален леб

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-6.jpg

Ужина

  • Околу 100 грама зеленчук, како моркови
  • Околу 30 грама храна со протеини, како 2 лажици хумус

Вечера:

  • Околу 60 грама храна од житни продукти, како тестенини
  • Околу 30 грама храна со протеини, како пилешко
  • Околу 100 грама зеленчук

ovoshje-zelenchuk-proteini-soveti-za-zdrava-ishrana-na-mali-deca-07.jpg

Овој план е само пример и не треба строго да се придржувате до него.

Генерално, потрудете се секој ден детето да внесува разновидна, здрава храна.

Кога станува збор за количината на храната, секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар бидејќи секое дете има различни потреби.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...

Најчитани неделава