Мери Јаневска: „Сиропиталиштето за слонови ми беше едно од најубавите места во Шри Ланка, а патувањето со воз е магнет за сите туристи“

„За македонски државјани за влез во Шри Ланка е задолжителна виза којашто се вади онлајн и чини околу 42 долари. Исто така, два дена пред поаѓање мораш да пополниш формулар за тоа каде ќе бидеш сместен и некои твои лични податоци. Локалците се прекрасни луѓе, секогаш насмеани, фини, културни... Луѓе кои знаат да уживаат и покрај тоа што имаат многу полоши услови за живот од нас“, вели Мери Јаневска за CRNOBELO.com.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 20

Мери Јаневска, родена е во Велес, до 16-та година живеела во Св. Николе, a потоа во Куманово. Магистрирала на Правниот факултет во Скопје, но работи како фриленсер (Amazon SEO Copywriter), а ја интересира и фотографија.

Посебно задоволство ѝ претставува патувањето и запознавањето на нови култури и места. Досега има посетено 30 земји.

Мери ни раскажува за патувањето во Шри Ланка, за посетата на сиропиталиштето за слонови, за сафарито, за патувањето со воз…

Зошто токму Шри Ланка?

Шри Ланка не беше воопшто во план. Секако, би сакала да ги посетам сите земји барем еднаш, но овојпат план беше да се види Етиопија или Кенија, но поради некои други околности тоа остана за некој нареден пат.

Бидејќи со друштвото имавме договорено дека во март одиме на некоја подалечна дестинација, Шри Ланка беше понуда која ни одговараше на сите и имаше нешто повеќе од само плажа, па се одлучивме за таму.

И секако, направивме многу добра одлука бидејќи ова е дефинитивно едно од подобрите места на кој сум била.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 17

Како изгледаше целото патување и какви беа подготовките?

За македонски државјани за влез во Шри Ланка е задолжителна виза којашто се вади онлајн и чини околу 42 долари. Исто така, два дена пред поаѓање мораш да пополниш формулар, исто така онлајн за тоа каде ќе бидеш сместен и некои твои лични податоци.

На нас летот ни беше од Белград, па дотаму бевме со автомобил. Од Белград имавме лет до Дубаи – Мале – Коломбо, со неколку паузи од по неколку часа, кои поминаа навистина брзо. Исто беше и за враќањето назад.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 11

Во кои места престојувавте за време на патувањето?

Пристигнавме во Коломбо, и од таму се упативме кон Пинавала, место до кое има околу 2 часа возење. Бевме и во Сигирија, Канди, гратчето Нувара Елија, познато и како Мала Англија, Ела, Тиссамахарама, и секако Тангале.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 14

Каков град е Коломбо?

Всушност Коломбо е најголем град во економски развој, и извршна и судска престолнина на Шри Ланка, а Шри Џајеварденепура Коте, предградие на Коломбо, е законодавен главен град.

Коломбо е многу поразличен од останатите места во Шри Ланка и нуди огромен број уникатни искуства и фасцинантни сознанија, којшто нема да се најдат на друго место во оваа прекрасна земја.

Во Коломбо бев само еден ден, каде имав можност да посетам поголем дел од главните туристички атракции, како што се Лотус кулата, џамијата Jami Ul-Alfar, будистичкиот храм Гангарамаја, Храмот на Шри Каилавасанатан Свами Девастанам Ковил.

Сепак, доколку некој оди во Коломбо, два-три дена би биле идеални за навистина да може да уживате во долгата листа на знаменитости и активности, кој овој прекрасен град ги нуди.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 6

Пинавала е сиропиталиште за диви азиски слонови, кое се наоѓа во близина на истоименото село. Каква беше дружбата со слоновите? На што треба да се внимава?

Сум била и претходно во сиропиталишта за слонови, но сепак за мене ова беше едно од најубавите места кои ги посетивме на ова патување. Повеќето од слоновите во Пинавала сиропиталиштето се спасени бидејќи биле повредени или напуштени од нивните мајки, а некои се родени во заробеништво, па се донесени тука.

Главна атракција овде е да гледаш како слоновите се капат во реката Маха Оја. Потоа, слоновите се водат да се хранат, а малите слончиња се хранат и со шишиња млеко, па доколку некој сака може да ги храни.

Интересен е фактот дека слоновите се хранат дури 16 часа, а спијат само 4 часа. Нешто што искрено немав поим дека е така. Инаку не е воопшто опасно да бидеш до нив, бидејќи има луѓе кои секогаш се тука и внимаваат на нив, а и немаш некој директен контакт освен набљудување.

Е доколку сакате да ги бањате, да се качите на нив, и да научите нешто повеќе за слоновите, Millennium Еlephant Foundation кој се наоѓа во близина на Пинавала, е местото кое треба да го посетите. Не е невообичаено да се видат слонови како поминуваат патишта додека се возите или се прикрадуваат во дворови на хотели, нешто што ние имавме можност да го видиме во хотелот кој беше до нас.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 12

Тврдината Сигирија се смета за една од најубавите атракции во Шри Ланка. Какво беше чувството да стоите пред таа огромна карпа? Колку скалила искачивте?

Секоја земја има своја иконска знаменитост, а една од најневеројатните остатоци од мината цивилизација на Шри Ланка е Карпата Лав (Lion Rock) во Сигирија.

Изградена од страна на кралот Касјапа, опкружена со обемен ѕид во кој некогаш биле сместени фонтани, градини, и езерца каде уживал кралот Касјапа со неговите 500 конкубини. Името го добила благодарение на статуата на лавот што била изградена на влезот што води до врвот на карпа, но денес единствено што може да се види се огромен пар на лавовски шепи.

Тврдината е висока речиси 200 метри, и до врвот единствено може да се стигне со искачување на 1.200 скалила, па затоа е најдобро да се качиш рано наутро за да ја избегнеш жештината и метежот и слободно уживаш во неверојатниот поглед од 360 степени, и секако изгрејсонцето кое ќе направи да заборавиш на искачените 1.200 скалила.

За качување ни требаше околу 40 минути, и поради тоа што почнавме со качување околу 6 часот наутро, не беше многу тешко да се стигне до врвот. Ова е навистина магично место коешто е прогласено и за осмо светско чудо од страна на УНЕСКО, па доколку патот ве води кон Шри Ланка, ова е нешто што мора да биде на вашата листа.

Поради тоа што ова е една од најпознатите атракции во Шри Ланка, се плаќа и влезница која чини околу 1.700 денари, што за нивни стандарди е висока цена, но сепак вреди за тоа што те чека на врвот.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 9

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg