Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо во Исланд“

За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, Хонгконг и Јордан, а според култура, најмногу му се допаднале Аргентина, Мексико и Перу. Открива дека најдобра забава има во Дубаи, Њујорк и Лас Вегас, а најубавите плажи кои ги посетил се на Сејшели, Филипини и Грција.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-01_1.jpg

Владимир Аврамоски (30) од Скопје е вљубеник во патувањата и вели дека секоја година се обидува да посети барем една нова дестинација. По професија е економист, вработен во фирма за финансиски услуги во Скопје.

Неговата листа на посетени земји е долга и мошне интересна. Владимир ги има посетено САД, Мексико, Аргентина, Перу, Сингапур, Филипини, Хонгконг, Сејшели, Јордан, како и европските држави Исланд, Шведска, Данска, Турција, и доста други земји од централа и западна Европа, како и Балканот, а следни на списокот за посета му се Јапонија и Нов Зеланд.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-18.jpg

Открива дека претпочита сам да ги истражува градовите кои ги посетува и да јаде таму кај што е полно со локалци - така е сигурно дека храната е добра, а и евтина.

Минатата година ги посетил Мексико и Дубаи, две сосема различни земји и култури, кои навистина го воодушевиле, а врв на патувањето било скокањето од авион во Дубаи - непланирано, но возбудливо.

Прочитајте го интервјуто со Владимир:

Колку често патуваш и што те мотивира за патувања?

Почнав редовно да патувам откога како студент заминав на летната програма Work and Travel во Америка. Оттогаш, гледам барем еднаш годишно да отидам на некоја интересна дестинација.

Отсекогаш сум сакал да видам нови работи, различни култури, да пробам локални јадења, и како најголема мотивација за патување тука е чувството на авантура и истражување.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-16.jpg

Колку земји имаш посетено досега и која од нив ти има оставено најдобар впечаток?

САД, Мексико, Аргентина, Перу, Сингапур, Филипини, Хонгконг, Сејшели, Јордан, и тука се и европските држави Исланд, Шведска, Данска, Турција, и доста други земји од Централна и Западна Европа, како и Балканот.

Тешко е да се одбере за најдобар впечаток. Сите си имаат свои убавини и секаде одлично сум си поминал.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-22.jpg

Како се подготвуваш за едно патување?

Секое патување ми почнува со планирање на тоа колку дена се доволни за да се види сè што е интересно во местото. Секое патување, особено ако е некаде подалеку, се обидувам да видам и да искусам колку што е можно повеќе, да биде исполнет денот и да не поминувам премногу време на едно место и да седам во хотел.

Главно, преку интернет може да се види сè што нуди едно место, знаменитости, забава, ресторани, и врз основа на тоа одредувам колку денови на кое место да се поминат.

Потоа гледам за авионската карта. До некои места или тешко се стигнува, или нема редовни летови, па може и да треба да се адаптира патувањето за ден-два плус или минус.

Откако веќе ќе биде направен планот за како патувам и на кое место колку денови поминувам, следува резервирање на летови и хотели, и останува уште да го спакувам куферот кога ќе дојде денот за тоа.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-24.jpg

Дали преферираш сам да го истражуваш местото или со туристички водич?

Главно гледам сам да ги организирам патувањата. Со туристичка агенција некако сум лимитиран да одам според однапред одредената програма, а вака може да одредувам сам колку време на кое место да поминам.

Некогаш зависи и од местото. Мислам дека секогаш е убаво да истражиш некој град или некој археолошки локалитет со водич. Тие може да споделат многу информации за самото место и секогаш е убаво да научиш некој интересен факт.

Иако, ќе споделам нешто што ми има кажано еден од поинтересните туристички водичи што сум ги сретнал: „Слободно прашувајте. Дури и да не знам, нешто ќе измислам. Нема да може да кажете дека не е така“.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-13.jpg

Твои последни дестинации беа Мексико и Дубаи. Зошто токму овие две дестинации се најдоа на твојата листа?

Мексико беше повеќемесечно планирање со братучед ми. Сакавме да се видиме со едни пријатели од САД и се мислевме како да направиме, па рековме ајде во Мексико да биде тоа. Таман се погоди тоа за да се искуси и културата и храната таму, бидејќи не успеав да отидам таму додека работев во Америка.

А за Дубаи, веќе доста се рекламира и кај нас како позната туристичка дестинација. Познавам доста луѓе што го посетиле и ми раскажале интересни приказни за местото. И мене интересираше да го видам целиот гламур на градот.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-19.jpg

Прочитајте повеќе за авантурите на Владимир на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg