Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме потсетува на Скопје“

„Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини самиот град. Не е Рио само плажи и фавели, туку има прекрасна природа која поминува низ самиот град и преубави патеки за планинарење низ природа. Доста време поминувавме „заглавени“ во сообраќајниот метеж“, раскажува Марио Савовски за посетата на Рио де Жанеиро.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 2

Марио Савовски до Скопје се има преселено во Берлин за да работи во студио за видеоигри. Автор е на книгата „Урбанон: Тајните документи“ – збирка на тајни документи, која зборува за паранормални настани и урбани легенди, како и на друштвената игра со улоги – „Урбанон: Прирачник за Агенти“.

Неодамна, Марио се врати од патување во Рио де Жанеиро, а во продолжение следува разговор со него кој ни открива за неговите импресии од овој обожаван бразилски град.

Зошто се одлучи за Рио де Жанеиро?

Не беше некоја одлука колку што беше прилика што се појави. Николас, еден од моите најблиски пријатели, е од Рио, и беше решен да го слави својот 30-ти роденден таму, па нè викна цело друштво да му се придружиме.

И како добри пријатели, секако „рипнавме“ на шансата да го посетиме Рио и да го прославиме неговиот роденден заедно.

А богами, откако се вративме назад, со остатокот од друштвото се „договоривме“ да одиме и да го славиме неговиот роденден во Рио секоја година, без разлика дали тој е таму или не.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 11

Колку дена престојуваше? Кои знаменитости успеа да ги видиш?

За жал, таму бев само 8 дена, во средината на ноември. Но, со оглед на тоа што Нико не само што има многу страст за градот, туку излезе дека е одличен туристички водич.

Успеавме да видиме доста работи – бевме во посета на Христос Спасителот, Маракана Стадион, Шеќерната Планина (Sugarloaf Mountain), Ботаничката градина, Скалилата Лапа (Escadaria da Lapa), Museu do Amanhã (Музејот на Утрешнината) и, секако, ако се сметаат за знаменитости, познатите плажи Копакабана и Ипанема.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 3

Рио де Жанеиро е препознатлив по уличната уметност која му дава посебна живост на градот. Кои мурали ти оставија најголем впечаток? Која беше приказната зад нив?

Иако градот навистина има многу мурали и улична уметност, за жал не успеав да направам многу слики. Но, имаше еден токму кај Лапа скалилата кој претставува една мапа од Рио со фокус на Христос, но целата мапа е покриена со потписи и срциња.

И баш ми се допадна тоа бидејќи некако ми го претстави Рио и убавиот впечаток кој го има оставено на сите кои го посетиле.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 15

Штом ќе се спомене Бразил, сите веднаш го поврзуваат со самбата. Имаше ли можност да присуствуваш на некој настап во живо и да се сплотиш во локалната музичка сцена?

Да, бевме на два настапи – еден на локален самба бенд кој всушност баш таа вечер славеше 15 години постоење и беше прекрасен настап со пиротехника, конфети и многу позитивна енергија.

Другиот настап беше на вид музика кој ми кажаа дека се вика pagode (пагоџи) и вклучуваше бенд од 20-тина тапанари кои тропаа додека музика од диџеј одеше во заднина и, секако, девојки танцуваа наоколу.

Велам девојки бидејќи на мое зачудување, машките не беа многу по танцувањето – за разлика од оној стереотип дека латино момците имаат огнени колкови, нели.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 14

Бројните фавели или сиромашните квартови се препознатливи за оваа метропола. Имаше ли можност да се посетиш некоја од нив? И како се движеше, сам или со некој локален водич?

Јас лично не успеав да отидам во ниедна од фавелите, но двајца другари од друштвото беа со водич, па тие ни пренесоа дел од нивното искуство.

Генерално, тоа се типично сиромашни населби кои се протегаат по ридовите низ и околу Рио. Еден интересен момент кој ни го раскажаа другарите е дека како што се движеле нагоре по населбата, чувството на сиромаштија и на криминал се зголемувало.

Дури и спомнаа еден момент каде близу до врвот наишле на двајца младичи со пушки кои ги запреле за момент, но после краток разговор се разминале и без никаков понатамошен инцидент ја завршиле турата.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 5

Кој дел од Рио де Жанеиро и што поточно ти понуди уникатна и необична перспектива на градот?

Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини самиот град. Качувањето на Шеќерната Планина и кај Христос ми го откри ова – дека не е Рио само плажи и фавели, туку и дека има прекрасна природа која поминува низ самиот град и преубави патеки за планинарење низ природа.

Поврзано со ова – ботаничката градина беше едно уникатно искуство каде што бев опкружен со различни видови растенија и зеленило кое го немам видено претходно. А да, и за првпат во животот се почувствував низок покрај високите палми.

Исто така, морам да спомнам за моментот во првата вечер кога бевме во еден бар каде се гледаше статуата на Христос Спасителот како свети во ноќта, и за момент се почувствував дека сум назад во Скопје со крстот на Водно како свети во заднина.

Многу надреален момент ми беше тоа! Всушност, многу такви моменти ме потсетуваа на Скопје – колку и да е Рио поразличен, сепак имаше и многу сличности со начинот на живот во Скопје.

mario savovski za patuvanjetp vo rio de zaneir rio ne e samo plaza i faveli tuku i prekrasna priroda koja pominuva niz gradot i pateki za planinarenje 7

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg