„Од Скопје до Лефкада патував 8 часа, ме восхити старица што скокна со падобран - Зошто постојано се враќам на рајскиот остров во Грција?“

„Последниве 10-12 години секогаш кога почнуваат муабетите и плановите за летување, има барем еден од моето друштво што знае да каже: „А да одиме на Лефкада?“ Поради убавите плажи, сите нијанси на сино што се прелеваат во Јонското Море, поради прекрасните спомени што ги имаме, но и оние што ги создаваме секојпат кога сме таму, и оваа година решивме летната сезона да ја завршиме токму на Лефкада“.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-01.jpg

Многумина велат дека Лефкада е најубава за летување во септември, кога морето е најтопло, а воздухот не е влажен. Се покажа дека тоа е вистина.

Веднаш штом решивме дека сакаме да поминеме неколку дена на рајскиот остров во Грција, испративме порака до газдите на вилата во која бевме сместени неколкупати претходно.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-24_copy.jpg

За среќа, имаа слободна соба токму во времето кога ни одговараше, иако решивме да резервираме буквално во 5 до 12.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-32.jpg

Патувањето до Лефкада трае околу 7-8 часа без паузи, кога се оди со автомобил. Но, широките автопати, живописните предели и 49-те тунели кои водат до островот, го прават патот интересен, а времето поминува брзо.

За мене секојпат посебно доживување е кога треба да го поминам тунелот под вода, кој се наоѓа во близина на Лефкада.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-59.jpg

Она необично чувство кога се спуштате под земја и знаете дека поминувате скоро 1 километар под вода, а насекаде околу вас е море, не се опишува. Додека се возевме, често си подголтнував за да го намалам притисокот во ушите.

Но, брзо потоа нè дочекаа гужвите во Лефкас и првата попатна станица – шопингот во Лидл.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-05.jpg

Освен секојдневните намирници, си купивме и тазе печива од пекарницата (и неизбежните локумадес) и тргнавме кон Цукаладес, селце на западната страна на островот, кое е сместено помеѓу главниот град Лефкас и Агиос Никитас.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-44.jpg

Влеговме во вилата, и буквално само ги извадивме куферите, облековме костими за капење и тргнавме кон Катизма, плажа до која со автомобил стигнавме за неполни 10 минути.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-49.jpg

Плажата на која последниот пат скоро и да немаше лежалки со наплата, сега беше преплавена со кафулиња и чадори за сонце. Но, имаше и доволно широки делови каде што секој што сака може да си постави своја лежалка.

лефкадаn_copy.jpg

Необично за Лефкада и за Катизма попладне, но морето беше неверојатно мирно и совршено за пливање. Додека уживавме во првото капење, од вода го гледавме зајдисонцето, а дури потоа излеговме надвор.

edvaj-iskachiv-400-skali-od-egremni-me-voodushevi-starica-shto-skokna-so-padobran-sekojpat-koga-odam-na-lefkada-odnovo-se-vljubuvam-vo-ostrovot-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Сања Мишковски за одморот на Тасос: „Бевме сместени во Скала Потамиа, островот има рајски плажи, а д... „Патувањето до Тасос воопшто не е напорно. Од Скопје се патува околу 5 часа со а...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Николина од Гостивар живее во Австрија: „Тука е преубаво, но ми недостига нашата храна и да излезам ... „Тука најмногу ми се допаѓа што луѓето се културни и самосвесни за природата, па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg