Семејна авантура: Кристина од Скопје со децата Нестор (3) и Лана (1) ги доживеа магичните Тоскана и Пуља на уникатен начин
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
„Во текот на патувањето, престојувавме во три неверојатни хотели, секој со своја приказна и автентичност, но сите со еден заеднички именител - луксуз во хармонија со природата. Од маслинови дрвја до храна од нивната градина - сè беше магично“, открива Кристина Настеска од Скопје за CRNOBELO.com.
Кристина Настеска од Скопје е мајка на Нестор (3) и Лана (1) и вели дека обожава да патува со нив и со сопругот затоа што тоа ги поврзува семејно и ги збогатува со искуства.
Последна во нивната листа на дестинации беше Италија, поточно Пуља и Тоскана.
Пуља (Puglia) е една од 20-те региони во Италија, лоциран на југоистокот на земјата. Таа ја формира петата на таканаречената „чизма“ на Италија, кога се гледа на карта. Главен град на регионот е Бари.
Тоскана, пак, е еден од најпознатите и најубави региони во централна Италија. Главен град на Тоскана е Фиренца, која е позната како родно место на ренесансата.
Од хотели во вид на раскошни вили со маслинови дрвја до хотели во ренесансен стил, кои сами ја произведуваат храната што ја служат, таа открива дека биле сместени на три неверојатни места.
За CRNOBELO.com Кристина споделува детали од патувањетo:
„Патувањето низ Пуља и Тоскана беше едно од најбогатите и највредните искуства што сме ги доживеале како семејство.
Верувам дека ваквите моменти се далеку повеќе од обичен одмор - тие се основа за развој на децата, за создавање длабоки спомени и за јакнење на семејната врска.
Во ова патување, за разлика од оние патувања во кои главна цел е разгледување на градот, главно и најубаво беше искуството во местото во кое се престојува, долгите и доцни утра, опуштени денови без брзање и многу време за поврзување за нас како семејство.
Во текот на нашето патување, престојувавме во три различни хотели, секој со своја приказна и автентичност, но сите со еден заеднички именител - луксуз во хармонија со природата и културата.
Првиот беше масерија во Пуља - типично за регионот. Масеријата е стара селска резиденција, некогаш користена за земјоделство, а денес преобразена во прекрасен, луксузен хотел, опкружен со маслинови дрвја, тишина и традиција.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:



