Семејна авантура: Кристина од Скопје со децата Нестор (3) и Лана (1) ги доживеа магичните Тоскана и Пуља на уникатен начин
Втората станица беше Тоскана, во близина на Фиренца.
Престојувавме во навистина феноменален хотел, направен во ренесансен стил.
Најинтересен момент беше тоа што хотелот ја слави филозофијата на „farm to table“, односно секој залак и секоја голтка доаѓаат директно од нивната земја.
За мене, како мајка, беше неверојатно да ги гледам моите деца како јадат храна која буквално пред неколку часа била набрана од градините на самиот хотел и да ги гледам како разбираат од каде доаѓаат работите што ги консумираме.
Како дел од објектот е и мини зоолошка градина со домашни животни и децата имаа можност да гледаат како се хранат.
Последниот престој беше во типичен тоскански агритуризм - луксузен селски туризам кој нуди топлина, автентичност и вистинско приближување до животот на земјата.
Концептот на ова сместување беше најпосебен. Вработените беа во позиција на домаќини, а ние нивни гости.
Вал д’Орча беше фасцинантен регион и за нас, но и за децата. Имаше момент во кој Нестор (3) ми кажа: „Мамо, колку е сè зелено и убаво“...
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:



