Семејна авантура: Кристина од Скопје со децата Нестор (3) и Лана (1) ги доживеа магичните Тоскана и Пуља на уникатен начин
Како други посебни локации на кои децата најмногу им се радуваа би ги издвоила:
Сафари Зоолошката градина во Фасано, Бари, низ која се поминува со автомобил, а животните слободно си шетаат околу вас, дури и оние како лавот и тигарот.
Алберобело - фасцинантно гратче изградено од бели мали куќички наречени „трули”.
Ла фоче - феноменален замок со лавиринти и градини зачуван уште од 15-ти век.
Во суштина, ние како семејство често патуваме, и секој слободен момент пробуваме да го поминеме на некое ново место, па често добивам прашања дали и колку е тешко патувањето со мали деца.
Одговорот на тоа прашање е: Да, патувањето со деца понекогаш може да биде предизвик, но тие предизвици се она што ги прави спомените незаборавни.
Верувам дека кога децата патуваат, тие растат - во умот, во срцето и во љубопитноста за светот околу нив.
А кога тоа патување ќе ги запознае со историја, храна, природа и различни начини на живот, тогаш тоа станува вистински подарок.
Токму тоа ни го подари ова патување низ Пуља и Тоскана“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:



