Радмила од Тетово патува со 6 другарки: „Бевме во 7 земји за две години, сами возиме мини комбиња, има многу смеење и авантура“

„Мојата улога е да ја организирам агендата на движење, Нате е нашиот незаменлив возач, а Сашка е задолжена за буџет од заштеда – секоја од нас месечно издвојува и уплаќа кај неа. Сме имале непријатна ситуација кога навигацијата не однесе низ планински пат во Албанија, но има многу авантура и смеење“ - раскажува за CRNOBELO.com Радмила (38) која со своите 6 другарки има традиција да одат на женски патувања низ Европа. 

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura01.jpg

Радмила Крстиќ Марковска (38) е Магистер по Кривично Право, по потекло од Тетово, а веќе 10 години живее во Скопје со своето семејство. 

Но, она што е интересно за неа, е дека е вљубеник во патувањата и истражувањето на светот, не сако со сопругот и со децата, туку и со нејзините другарки.

Од пред неколку години, заедно со уште 6 другарки, кои живеат на различни места и се со различна возраст, започнале традиција да одат на женски патувања.

Досега тие биле на 7 такви патувања во 2 години, посетиле повеќе различни дестинации, се организираат сами и велат дека авантурата е незаборавна

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-03.jpg

За CRNOBELO.com Радмила раскажува подетално за нивната организација и интересни авантури... 

Раскажи ни нешто повеќе за вашите авантури и патување со другарки. Како дојдовте до идејата? Како се познавате?

Нашето запознавање се случи сосема спонтано како една мала авантура која ја започнавме без план, уште пред 15 години на еден настан во нашиот роден град Тетово.

Од првиот момент почувствувавме позитивна енергија и вистинска поврзаност, како да се знаеме со години.

Се формираше Вибер група наречена „VEP mkJ“ и од тогаш до денес секое утро ни започнува со поздравување таму, и споделување нови случки, а тоа пак ни го прави денот полн со радост, a некогаш и тагата заедно ја надминуваме полесно.

Иако меѓу нас има разлика во годините, тоа ни даде поголем мотив за дружба. Помладите секогаш учат нешто ново од повозрасните, а повозрасните, пак, се инспирираат од свежите идеи и енергија на помладите.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-05.jpg

Така се создава вистинска размена на искуства и енергија што ја збогатува нашата дружба.

Ние сме 7 другарки (јас, Нате, Тина, Сашка, Цаце, Марина, Тања) како што споменав од различни генерации и професии, различно место на живеење, а сепак толку слични како една голема фамилија со исти желби и предизвици за патување и уживање во животот.

Идејата за првото патување се роди на една семејна прослава.

Јас предложив на другарките да патуваме надвор од нашата држава, да организираме сè во сопствена режија без аранжамани од туристичка агенција, при што сите ја прифатија идејата со возбуда.

Тој период се наближуваше 8-ми Март и го искористивме како продолжен викенд да се впуштиме во таа заедничка авантура.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-06.jpg

Каде сè сте биле досега и во колкав временски период ги имате посетено сите дестинации?

Авантурата ја започнавме од март 2023 година – од магичната Италија со посета на Националниот Парк Чинкве Тере сместен во провинцијата Ла Специја-Лигурија, северна Италија ги посетивме 5 селца – Монтеросо, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре, продолживме кон Пиза, во регионот на Тоскана и завршиме со плажите на романтичното Леричи.

Понатака истата година во октомври ги посетивме убавините на Братислава, и Виена.

Следниот март 2024 решивме да продолжиме кон Шведска и Данска – ги посетивме Малме, Лунд и Копенхаген.

Традиционално, во октомври таа година, продолживме со посета на третиот град по големина во Шпанија, Валенсија и Областа Коста Бланка – Бенидорм, Калп, Алтеа, Аликанте и Вилајојоса бисерите на Средоземното Море.

Оваа година ја посветивме на истражување острови.

Март беше за островот Малта со прекрасните градови Валета, Слиема, Гозо, Мдина и пред неколку дена се вративме од домот на најголемиот вулкан во Европа, Етна – Сицилија.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-19.jpg

Имате ли некое правило колку пати годишно патувате или користите шанси ако ви се појават спонтано?

Правило немаме, само еден закон – кога некој ќе рече ’Ајде‘, сите се спакувани, спремни за нова авантура.

Патувањата ги планираме според годишните одмори, продолжени викенди и пред сè сезона на поволни авиобилети, но најчесто како што споменав се погодуваме во месеците март и октомври.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-21.jpg

Тешко ли е да се организираат 8 жени за патување?

Со жените никогаш не е лесно (хаха), се шегувам, знае да биде тензично, но и тоа е дел од организацијата и секогаш на крајот завршува со слатко смеење и хумор на наша сметка.

Најголем предизвик ни е кога треба да се усогласиме сите околу датумот на патување секој со тековните обврски, но сепак сите сме умерени без посебни барања, само последна цел уживање во животот зашто е еден и убаво е да се живее со позитивна енергија.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-08.jpg

Како изгледа организацијата, дали сами се организирате? Кои ви се најчести предизвици/проблеми при организација?

Нашиот патувачки тим е компатибилен во секој поглед, секој од нас си има своја задача во која ужива.

Организацијата на патувањето трае и во текот на целата година, пример Сашка е задолжена за годишен буџет на заштеда, секој месечно издвојува буџет и уплаќа – штеди кај неа, се запишува кој колку издвоил од сопствениот буџет за време на тие месеци, и на крајот само се доплаќа преостанатата предвидена сума која е повторно заеднички определена, сè со цел олеснување на давачките и патување како на рати без камата.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-28.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емилија и Дарко од Битола за патувањата со мало дете: „Со ќерката почнавме да патуваме од 4-месечна ... „Патувањето со бебе е секогаш предизвик, но не бевме спремни да седиме долго дом...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...
Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...
Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
Вирџинија од Скопје за соло-патувањето во Пуља: „Им дадов сместување на 2 девојки во неволја, се фот... „Идејата беше едно брзо фамилијарно бегство со мајка ми и сестра ми. Но, де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg