Радмила од Тетово патува со 6 другарки: „Бевме во 7 земји за две години, сами возиме мини комбиња, има многу смеење и авантура“
Имате ли некои трикови да споделите за ваков тип на патувања?
Мој трик за авантури е без големи трошоци да комбинирам нискобуџетни летови со локални искуства, наместо хотели барам мали апартмани бидејќи секако служат само за преспивање и топол туш, а цел ден го поминуваме во истражување надвор.
Научив дека за да патуваш не секогаш ти треба огромен буџет, туку мала креативност.
Јас како што споменав често барам летови на Skyscanner или користам апликации што покажуваат каде можеш најевтино да одлеташ преку пребарувачот на ’anywhere‘ дестинација.

Потоа добро да се организираме да ја посетиме околината, исто така следење на попусти објавени во одредени периоди од годината и планирање на посети на дестинации кои се водат како скапи, а ги посетуваме поволно надвор од сезоната.
Кога резервираме сместување најчесто наоѓам и директен контакт од апартманите и договараме цени без провизии.
Истражување на локални ресторани кои често ги споделуваат и патувачките блогери на нивните YouTube канали, каде може да се вкуси локална храна по добра цена и секако додека шетаме низ градот често застануваме во Lidl или супермаркети за брзи намирници.
Поентата не звучи само штедење иако сме прави Тетовчани (хехе) – звучи како travel hack што покажува дека патувањето не е скапо туку умешно и креативно.
До следната авантура – да го живееме животот како една голема авантура, полна со убавина, љубопитност и позитивна енергија.

Уште неколку фотографии:










© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело
