Радмила од Тетово патува со 6 другарки: „Бевме во 7 земји за две години, сами возиме мини комбиња, има многу смеење и авантура“

Организацијата е целосно наша и самостојна, најпрво пронаоѓање евтини авиобилети преку некоја од апликациите како Skyscanner, Ловец на билети и сл.

Патуваме од нашиот аеродром од Скопје или преку Тирана зависно од дестинацијата и цената на билетите, а скоро секогаш изнајмуваме рент-а-кар, Нате е нашиот незаменлив возач.

Пребаруваме најповолни услови со фул каско за помал депозит и читаме рецензии за предвидените компании кои изнајмуваат автомобили.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-30.jpg

Понатаму во делот на сместување најчесто го користиме Booking или директни контакти со сопствениците на апартмани и хотели преку мејл.

Мојата улога е да ја организирам агендата на движење, ги бирам местата за посета, од ресторани, градови, кафулиња до знаменитости и културни точки.

Секое место го планирам со љубов и авантуристички дух, споделувајќи во Вибер групата, нашата возбуда расте и следната авантура со нетрпение се очекува.

Како ритуал пред патувањето прегледувам многу YouTube канали на патувачки блогери, повеќето од нив се снимени од нашиот соседи од Србија, но некои влогови се толку убаво осмислени, како да патуваш со нив во секој крај од светот.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-10.jpg

Тука е секако пребарувањето преку незаменливиот Инстаграм и другите травел апликации и секогаш посебна иснпирација ни е вашиот портал CRNOBELO.com, особено рубриката патување, која нуди толку инспиративни приказни и идеи кои се вредни за читање и уживање низ фотографии, за места што се задолжителни за посета до скриени локални местенца, оние скриени богатства што не се на туристичката мапа и ми се секогаш предизвик да ги откривам.

Јас сум голем авантурист и секогаш сакам да дознавам и истражувам со посебно внимание и љубов за нови места и култури низ светот, често знам да кажам дека подготовките ми се секогаш омилен дел од патувањето.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-09.jpg

Која дестинација досега најмногу ви се допаднала за женско патување, а која најмалку и зошто?

Секоја држава остави свој печат и спомен, би ја издвоила Шпанија, делот на Аликанте, Градот на светлината со прекрасни песочни плажи, Паркот на отворено, оаза на палми, Палмерал (El Palmeral park), светско наследство на УНЕСКО се издвојува со својата бујна вегетација, дом над 7000 палми, ноќниот живот, храната и тој убав мирис на Медитеранот.

Како дестинација што најмалку ни се допадна можеби би ја издвола Шведска, односно Малме, во спомен ни остана посебна култура – тивки луѓе, мирни улици, секаде се стигнува со велосипед, но и ниски температури со константен ветер кој пак ни ги отежна целодневните проштки.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-11.jpg

Имате ли некоја интересна ситуација која ви се случила некаде?

Има доста интересни случки кои ги прераскажуваме секојдневно, но тие спомени на 230 km до дома по поминати над 1000 km во Шпанија, ќе остане мал хаос и многу смеење во уште една приказна за паметење.

Имено на враќање до дома од аеродромот во Тирана во доцните вечери часови, навигацијата нè однесе во непознат правец, планински предел каде што се движеа само товарни возила по тесни патишта, во 2 часот наутро, а сите брзавме да стигнеме на работа утрото и се вртевме во круг на една бензинска станица со подвозник од двете страни на автопатот, бидејќи во тој предел на автопатот Албанија не е снимен gps навигаторот на целиот пат туку одделно по делови кои е потребно да ги наведеш.

Така патот нè водеше кон страната на Дебар (по којшто јас инсистирав да не одиме, дека мечки ќе ни излезат)

Сепак на крај водејќи се по старите правила без gps, со следење на патоказот и информативните табли, безбедно стигнавме во Скопје во 10 часот.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-16.jpg

А, дали некаде сте доживеале некоја непријатна ситуација?

За среќа непријатни ситуации се ретки, можеби да споменам кога бевме во посета на Кристијанија во Копенхаген, познат како слободен град, дел од хипиците по улица побараа да ни ги проверат мобилните телефони да видат дали сме ги фотографирале или кога ја изгубив платежна картичка.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-13_copy.jpg

Како ви поминуваат патувањата? Што најмногу сакате да правите, истражувате ли по цел ден шетате или сакате да уживате?

Секое патување е моја мала колекција на приказни – фото дневник кој понатака останува спомен за цел живот.

Агендата е полна, чекорите бројни, но токму така се чувствувам жива.

Се препуштаме на убавините и некогаш тие 20.000 чекори ако си со добра екипа и убаво време, се само број кој те носи кон нови нешта.

Аперолот ни е бонус за мотивација на попатна локација, секогаш со поглед кој одзема здив.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-27.jpg

Како ја доживува околината оваа ваша традиција?

Семејството ни е голема поддршка за којашто сме бескрајно благодарни, затоа што знаат дека секое следно патување има нешто повеќе од движење, има приказна, емоција, знаат дека авантурата не полни со енергија, секако имаме и заеднички патувања со нив.

Колегите и пријатели секогаш велат дека кога ние патуваме и они патуваат со нашите приказни споделени преку видеа и фотографии.

radmila-od-tetovo-patuva-so-6-drugarki-bevme-vo-7-zemji-za-dve-godini-sami-iznajmuvame-avtomobili-ima-mnogu-smeenje-i-avantura-22.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Емилија и Дарко од Битола за патувањата со мало дете: „Со ќерката почнавме да патуваме од 4-месечна ... „Патувањето со бебе е секогаш предизвик, но не бевме спремни да седиме долго дом...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...
Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...
Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
Вирџинија од Скопје за соло-патувањето во Пуља: „Им дадов сместување на 2 девојки во неволја, се фот... „Идејата беше едно брзо фамилијарно бегство со мајка ми и сестра ми. Но, де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg