Мартин од Скопје за патувањето во Јужна Америка: „Во Бразил пиев најубаво кафе, Мачу Пикчу во Перу е спектакуларно, Аргентинците се студени“
Треба ли да си физички спремен да се искачиш до Мачу Пикчу или до Шарената планина? Како се стигнува до таму?
За Мачу Пикчу не е потребна некоја физичка кондиција, бидејќи искачувањето е со автобус, додека за Виникунка (Шарената планина) е потребна физичка спремност и најмалку три дена аклиматизација, бидејќи се наоѓа на 5.036 надморска височина, а тоа е многу блиску по височина до Everest Base Camp.

Какво беше чувството да се возиш над Рио со хеликоптер?
Чувството беше феноменално, Рио де Жанеиро изгледа преубаво и од горе.
На секој топло му ја препорачувам оваа тура која е незаборавно искуство во животот.
Твој совет за некој што би тргнал да посети некоја од земјите што ги виде ти?
Дефинитивно вреди да се посетат овие дестинации, како и двете светски чуда (Мачу Пикчу и Исус Христос Искупителот).
Сите што ќе патуваат овде треба внимателно прво да се информираат околу безбедносните ризици и препораки, кои квартови се безбедни, а кои треба да се избегнуваат.
Во фавелите никако не смее да се оди на своја рака, туку исклучиво со водич.
Доколку препораките се следат и почитуваат, патувањето ќе биде безбедно и ќе биде едно од најубавите доживувања во животот.

Погледнете повеќе фотографии:







