Тура низ Македонија со Лиде, наш туристички водич: „Кои ми се омилените градови (и зошто)?“
Крушево
Ме потсетува на Кратово. Прекрасно мало гратче со уникатниот Македониум, планински воздух, тишина и силно чувство на историја, испреплетено со песните на Тоше.

Велес
Културна и литературна длабочина што се чувствува во самиот дух на градот.
Тетово
Погледот кон Шара и културната разноликост му даваат посебна динамика.

Штип
Град каде гастрономијата има традиција, а младата енергија се чувствува насекаде.


Крива Паланка
Планински мир и духовност, особено поради манастирската традиција и природата што ја опкружува.

Берово
Ми е симбол за чист воздух, тишина и чувство на вистинско бегство од секојдневието.
Таму природата е главниот раскажувач.
Прочитајте и Лиде Стојановска, туристички водич: „Од пиење ракија и пастрмајлија, до восхит од Свети Наум - странците уживаат кај нас“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело