На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, сместете се во Потос“
Во околина се најубавите песочни плажи како што се Нотос, Agia Anna, каде што природната убавина, чистото море и мирот создаваат совршено место за релаксација.
Во Потос имате активен одмор, можност за вечерни прошетки по убавите таверни на крајбрежјето, многу активности за децата, шармантни сокачиња со мали продавници за сувенири и слатки специјалитети.
Ја посетивме и Marble Beach – Saliara, патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Позната е по белиот мермерен песок и кристално чистата тиркизна вода, која изгледа како од разгледница, да се чувствувате како да сте на егзотична плажа.

На 600m во близина се наоѓа Porto Vati, тоа е вистински егзотичен пејзаж - мала заливска плажа со кристално тиркизна вода и впечатливи бели карпи.
Цените тука се малку повисоки почнувајќи од 25 евра по лице за лежалка, но уникатниот амбиент ја прави посетата вредна, сепак има простор и за бесплатен паркинг и поставување на свој чадор.
Понатака патот го продолживме на зајдисонце во една од најфотографираните локации на Тасос, барот „La Scala“, место каде што природната убавина и модерниот бич бар концепт совршено се спојуваат.

Покрај кристалното чисто море, добра музика и атмосфера, не е тешко да се разбере зошто е меѓу најпосакуваните локации на островот.
Исто така вредно за посета е и најавтентичното село Теологос, каде времето како да застанало, сместено меѓу планините, Теологос го чува духот на стариот Тасос.
Познато е по традиционалната архитектура, камените улички и прочуеното јагнешко подготвено по старински рецепти, доживување што ги буди сите сетила.

Следните денови обиколката може да се продолжи долж познатите плажи Golden Beach и Paradise Beach, кои се најдолги плажи и секој може да најде свое совршено место за уживање.
Додека ги слушате брановите и го гледате хоризонтот, лесно може да помислите дека сте некаде на океански брег.
Kekes beach е една од оние скриени катчиња што ги освојува љубителите на мирот и недопрената природа, Atspas – или шеќерната плажа со најубавото зајдисонце на островот и уште еден куп плажи – Макријамос, Скала Потамиа, Ливади, Пачис, Атспас, Салоникиос, Трипити вредни за посета.

Велат дека Бог бил многу дарежлив кога му ја дал природата на Тасос. Еден од најубавите дарови е природниот базен Giola, се наоѓа веднаш до морето, бојата е проѕирно чиста, а есместен е под карпите од морето.
Според една од легендите, Giola го претставува окото на Зевс, кое ја надгледува неговата љубовница. Вреди да се помачите по карпестата патека и да го посетите во раните утрински часови.
