На одмор со Ива Спасовска во камп во Амуљани: „20 години имаме приколка таму, од Скопје се стигнува за 5 и пол часа“
- Детали
- сабота, 23 август 2025
„Приколката е оставена во кампот преку целата година. Но, веќе е многу тешко да се најде место, бидејќи бројот на приколки е ограничен, а побарувачката - огромна. Тоалетите се заеднички, но уредни, со посебни чипови за влегување наменети само за камперите“ - вели дизајнерката Ива Спасовска, која секоја година оди во семејната прикола во камп во Амуљани.

Модната дизајнерка и инфлуенсерка, Ива Спасовска, веќе 20 години, секое лето, барем на неколку дена оди во Амуљани.
Во еден од камповите, нејзиното семејство има приколка, која е таму преку целата година, а за која, Ива вели дека ѝ е како втор дом, но и место каде што создала бројни спомени.


Ива секогаш ужива во летувањето во кампот - деновите поминати на ситната песочна плажа, проѕирната вода, во спокојот и слободата што ги нуди.
За кампот во Амуљани, условите што ги нуди и за нејзините сеќавања од изминативе години, Ива раскажа за CRNOBELO.com:
„Веќе 20 години летувам во ист камп во Грција, место кое за мене е како втор дом.
Дотаму се стига со автомобил од Скопје за околу 5 и пол часа возење, а потоа следи пловидба траект која трае околу 15 минути.


Кампот во овие години се има сменето минимално, но секогаш во подобра насока.
Тоалетите се заеднички, но уредни, со посебни чипови за влегување наменети само за оние што се дел од кампот.
Има продавници и минимални услови за забава - една дискотека и неколку кафулиња.
Но, тоа е доволно, бидејќи вистинската убавина на кампот е во природата и мирот.


Таму имаме сопствена приколка која е оставена во кампот преку целата година.
Цената е солидна, не е скапа и може да си ја дозволи секој што сака ваков тип на одмор.
Но, веќе е многу тешко да се најде место, бидејќи бројот на приколки е ограничен, а побарувачката е огромна.
Ние сме таму одамна, буквално уште пред 20 години си го „зафативме“ нашето место и оттогаш приколката стои таму.


