На одмор со Ива Спасовска во камп во Амуљани: „20 години имаме приколка таму, од Скопје се стигнува за 5 и пол часа“
Самата приколка е снабдена со сѐ што е неопходно - од основен мебел и садови, до мали апарати.
Сепак, секогаш носиме и нешто лично од дома за да ја направиме атмосферата потопла и наша.


Овој вид на одмор секако дека нуди слобода. Секој тип на одмор си има своја убавина - хотелот и апартманот имаат свои предности, но кампот носи посебна магија.
Таму имаш чувство дека можеш да живееш без обврски, без формалности, буквално си дел од природата и уживаш во едноставниот живот.
Предностите на камперскиот живот се блискоста со природата, атмосферата на заедништво, чувството на слобода и тоа што кампот ти станува втор дом.
Недостатокот е што нема секогаш луксузни услови како во хотел, но токму тоа е дел од автентичноста.


Плажата во кампот е фантастична - пред неколку години беше прогласена за една од топ 10 најубави плажи во светот.
Водата и песокот се исти како на Малдиви, толку е чисто што дури и делфини пливаат во заливот.
Има лежалки кои се наплаќаат, но ние како кампери имаме свои места со сопствен чадор и лежалки што си ги носиме таму и си стојат цело лето или цели 5 месеци.


Тука има и многу Македонци, а тоа е уште една причина зошто се чувствувам како дома.
Секогаш има дружење, кафе моменти, заеднички ручеци и создавање пријателства кои траат со години.


Имам безброј спомени од ова место, сепак 20 години доаѓам на ова место.
Таму јас израснав со многу деца и милион дружби, а најубаво ми е тоа што таму порасна мојата внука, таму научи да плива и таму имаме најмногу семејни моменти кои ме врзуваат емотивно.
Кампот не ни е само место за одмор, туку и дел од нашата семејна традиција“.


Прочитајте и Во домот на модната дизајнерка Ива Спасовска: Винтиџ рај од 110m2, со 60 години старо огледало, наследство од дедо ѝ
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
