На одмор со Александра П. Илиевска во Пореч: „Има природни сенки, водата беше топла за Јадран, лежалките се 7 евра“
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
„Ова мирно место се наоѓа на Истра во Хрватска и идеално е за семејства кои сакаат мирен одмор, чисто море и многу содржини за деца. Престојувавме во хотел, но има и апартмани и камп“, вели водителката Александра Пановска Илиевска за одморот со сопругот и ќерката (5).

Водителката Александра Пановска Илиевска со сопругот и 5-годишната ќерка годинава како дестинација за одмор го избра Пореч.
Пореч е живописен крајбрежен град на западниот брег на полуостровот Истра во Хрватска, познат по своето богато културно-историско наследство и прекрасните плажи.
Александра споделува детали за одморот таму за CRNOBELO.com:
„Летово на одмор бевме во хотел во Пореч.
Ова мирно место се наоѓа на Истра во Хрватска и идеално е за семејства кои сакаат мирен одмор, чисто море и многу содржини за деца.

Кога ќе кажам многу значи навистина се многу. Возење со локално вовче кое носи од хотелот до центарот на Пореч. Панорамска разгледница и рај за деца, возење со велосипеди…
Местото е создадено за ваков тип на активност. Дневно и полудневно изнајмување не е голема сума, но е неверојатно доживување.

Првпат бевме таму, но задолжително ќе се вратиме. Кога ќе најдеш место каде што и децата и родителите навистина уживаат, лесно станува традиција да му се враќаш.

Бевме семејно, јас, сопругот и нашето петгодишно дете. Токму тие заеднички моменти ни се највредни.
Избравме хотел, бидејќи со дете тоа ни нуди поголема слобода. Беше на неколку минути пешачење од плажа, што многу ни го олесни секој ден.

Оваа година сакавме вистински да одмориме и да се опуштиме. Но, токму на оваа локација се достапни трите вода на сместување и хотелско, апартманско и камп и сите се навистина одлични, бидејќи и лично ги посетивме за во идно време да знаме.

Инаку, повеќе сакам активен одмор, односно секој ден да откривавме нова плажа или ново место.
Со дете секоја мала авантура станува големо доживување. Но, имаше и денови кои ги минувавме на нашата плажа или на базените пред нашиот хотел, бидејќи за Сара се ново неверојатно доживување лизгалките, тобоганите и сите водени реквизити кои во изобилие ги има тука на понуда.

На плажа најчесто си носиме чадор, душеци, играчки и сè што ни треба. Така имаме поголема слобода и можеме да останеме колку што ни одговара.
Но, оваа година бидејќи патувавме со авион понесовме само мала кофичка и водени боици кои секогаш и секаде се со нас за уметност на камења.
