На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, сместете се во Потос“
Исто така, во близина на нашиот хотел високо над карпите над морето, го посетивме манастирот Свети Архангел Михаил, кој го нуди највпечатливиот поглед на Тасос, местото кое зрачи со мир, духовност и спокој.
За крајот на патувањето го оставивме барот кој се наоѓа во главниот град пред да тргнете назад на траект.

Karnagio Beach Bar, совршено место со прекрасен поглед, простор за игри на децата, лежалки и сенка за убаво кафе со нормални цени.
Совршена точка на едно прекрасно тасоско поглавје.

Едно патување завршува а ние веќе сонуваме за следната дестинација, Ви посакуваме добро здравје, многу печати во пасошот и повеќе моменти што ќе ви го забрзаат пулсот и ќе ви останат во сеќавање засекогаш.
До следното патување, поздрав од семејство Марковски“.







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело