Ивана Кушлич: „Швајцарските Алпи се храна за душата, а кафе во Цирих е 320 денари“

Водопади, езера, шуми … Што ти остави најсилен впечаток?

Тиркизните нереални езера и волшебните сценерични водопади дефинитивно.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-02_1.jpg

Какви се цените во Швајцарија?

Зависи во кој дел … На пример во поголемите градови, како Цирих, Женева, Берн цената на кафе се движи околу 5.5 франка, што е околу 320 денари.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-09.jpeg

Дали е вистина она „Точен си како Швајцарец“?

Да точно е, буквално за сè. Тие се секогаш на време кога имаат состаноци или слично. Секогаш се 5 до 10 минути порано и ако некој доцни 5 минути тоа за нив е веќе навредливо.

Во однос на железничкиот и автобускиот сообраќај тие се до минута секогаш точни.

Најдобра карактеристика на Швајцарците е …

Тоа што во секоја ситуација користат логика.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-01.jpeg

Најлоша карактеристика на Швајцарците е …

Интровертноста.

Најголемата авантура во оваа држава …

Кога ме фати дожд на 2.190 метри надморска височина, бев буквално во кал до гуша, а за да биде уште поинтересно патеката ми беше блокирана од дваесетина крави коишто имаа новороденчиња и никако не беше возможно во тој момент да ги заобиколам бидејќи патеката беше многу тесна.

Конечно после триесетина минути на дождот некако низ калта успеавме да се разминеме, но како тоа да ми беше малку од универзумот веднаш после разминувањето, се лизнав и паднав во измет од крави. Наместо да се спуштам долу за 2 часа, јас се спуштив за 4.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-02.jpg

Имаат ли предрасуди локалците кон тебе како дојденец?

Апсолутно НЕ.

Што од Швајцарија би донела во Македонија?

Па мислам дека веќе го знаете одговорот, секако дека чоколадо, сирење и кашкавал.

ivana-kushlich-shvajcarskite-alpi-se-hrana-za-dushata-a-kafe-vo-cirih-e-320-denari-04.jpeg

Што од Македонија би однела во Швајцарија?

Ајвар и сарма.

Уште фотки од Швајцарија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
Мартина од Битола ја посети Латинска Америка: „Ми се допадна месото од лама, не ме исплашија кримина... „Во Буенос Аирес го гледав дербито Ривер - Бока и мислам дека секој вистински љу...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...

Најчитани неделава