Тони Гогов работи во Лапонија, Шведска: „За изнајмување стан се чека по 10 години, само староседелците имаат ирваси“

Тони Гогов од Струмица е еден од оние големи авантуристи што сака да го истражува светот, неговите работни престои низ различни држави и континенти од неговиот живот создаваат богата приказна.

toni-gogov-makedonec-koj-raboti-na-plovecki-spa-hotel-vo-svedska-laponija-da-probate-kafe-sirenje-i-da-naucite-kako-pravilno-da-dishete-dodeka-od-topla-sauna-vleguvate-vo-ladna-reka-01.jpg

Во продолжение интересен разговор со Тони Гогов за животот и скриените работи во Лапонија, Шведска.

Тони, од неодамна повторно си во Лапонија, Шведска, и тоа во моментот кога корона вирусот зеде најголем замав. Се имаат ли сменето драстично работите?

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, Шведска се истакна како земја во која се применува поинаков пристап. Никогаш не премина во блокада.

Деловни активностите не застанаа, а бизнисите никогаш не затворија, дури ни спортските сали или ресторани. Дневните згрижувачки центри и училишта останаа отворени, иако шведските власти забранија собири на повеќе од 50 лица.

Јас би кажал дека повеќето Швеѓани ќе се согласат со мене кога ќе кажам дека животот од почетокот на пандемијата досега е многу поинаков. Но, тоа е затоа што луѓето се придржуваат до препораките што беа донесени од властите посебно во последниот месец.

toni gogov makedonec koj raboti na plovecki spa hotel vo svedska laponija da probate kafe sirenje i da naucite kako pravilno da dishete dodeka od topla sauna vleguvate vo ladna reka 3

Како е да се живее и работи во пловечкиот спа хотел Arctic Bath во малото шведско село Харадс, близу границата со Арктичкиот круг, со дизајн кој воодушевува и потсетува на серијата Game of Thrones?

Постојат неколку дестинации кои навистина треба да се посетат за да поверувате дека постојат, а Arctic Bath, пловечки хотел во Шведска Лапонија е една од нив. Опкружен со замрзнати пејзажи што може да ве поттикнат да направите необични работи, како пливање во ладна вода (и всушност да уживате во тоа), да се дружите со ирваси или да викате низ замрзнати шуми на санка влечена од хаски.

Целиот хотел е посветен на велнесот со извонреден амбиент, а чувството топло – ладно буквално е неверојатно во моментот кога се движите од зовриената сауна кон ледената река. Хотелот е склон кон недопрената природа и шума на Лапонија.

Копнените кабини се покачени за да не се оштети површината под истите; сите производи што се користат во ресторанот се локални, сезонски и органски, а на секој гостин му се подарува органски костим за капење што не ја загадува реката.

Повеќето мислат дека Лапонија со нејзините поларни ноќи е ладна, темна и студена и никогаш не би сакале да стапнете надвор. Но, секако дека не е така. Засега имаме околу 30 cm снежна покривка и температури помеѓу -10 и-16 Целзиусови.

Пред некој ден се разбудив и отидов на прошетка низ замрзнатите шумски патеки. Конечно го осетив сонцето на моето лице и патеките низ кои поминував изгледаа како од зимска бајка. Периодов е дефинитивно подготовка за студените поларни ноќи кои следуваат.

toni gogov makedonec koj raboti na plovecki spa hotel vo svedska laponija da probate kafe sirenje i da naucite kako pravilno da dishete dodeka od topla sauna vleguvate vo ladna reka 4

За секое место постојат многу митови, но кои се за Лапонија, Шведска во кои и самиот веруваше пред да отидеш таму?

Спротивно на маркетиншките објави и фотографии од Лапонија, нема некаква гаранција дека ќе ја видите поларната светлина (Aurora Borealis) во текот на зимските месеци затоа што тоа е природен феномен. Поларната светлина е видлива од есента до пролетта секоја година, кога е темница надвор.

Во истиот мит верував и јас пред да заминам. Меѓутоа, научив како да предвидам Аурора прогноза и да отидам во „лов“ на зелената светлина. Лапонија не е само во Финска како што повеќето мислат, меѓу кои и јас пред да се иселам за Финска пред 3 години.

Всушност Лапонија е името на регионот кој историски е населен од Сами староседелците. Во однос на туристички аспект, Лапонија упатува само на Финска и Шведска Лапонија.

toni gogov makedonec koj raboti na plovecki spa hotel vo svedska laponija da probate kafe sirenje i da naucite kako pravilno da dishete dodeka od topla sauna vleguvate vo ladna reka 5

Лапонија не е Северен Пол, но сепак претставува официјално седиште на Дедо Мраз. Какви сѐ атракции, активности и традиции се организираат во негова чест?

Како дете мислев дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол. Преку Атлантикот, денес секој точно знае каде живее Дедо Мраз – во Финска Лапонија. Доста луѓе веруваат дека Рованиеми во северниот дел на Финска е домот на Дедо Мраз, меѓутоа градот е официјален дом само за туристички цели.

Постојат многу традиции поврзани со Дедо Мраз, колку што има приказни за него! Можеби најпозната традиција е пишувањето писмо до Дедо Мраз. Децата ширум светот ги испраќаат своите списоци со желби, божиќни честитки и прашања до Дедо Мраз.

Всушност, главната пошта на Дедо Мраз во Рованиеми прима стотици илјади писма секоја година. Можете исто така да го посетите Дедо Мраз и неговата плејада од џуџиња во неговиот таен Санта Парк.

Тука можете да посетувате училиште на елфови, да украсувате колачиња, да се прошетате во галеријата со скулптури од мраз и да го гледате спектакуларно шоу на елфови акробати. И, се разбира, големиот Дедо Мраз е во неговата канцеларија и чека да се сретне со вас.

toni gogov makedonec koj raboti na plovecki spa hotel vo svedska laponija da probate kafe sirenje i da naucite kako pravilno da dishete dodeka od topla sauna vleguvate vo ladna reka 6

Имам слушнато дека староседелците во Лапонија, кои се познати како Сами речиси 90% од нив се преселени во урбани области, но постои мала бројка од нив кои сè уште живеат високо на Арктикот. Имаш ли запознаено некого од нив? По што се слични, а по што различни од останатите…?

Сами староседелците се многу горди на своето културно наследство, а сточарството со ирваси отсекогаш било дел од нив.

Досега имам запознаено неколкумина од нив, дури имам и соработувано. Како и многу други домородни заедници низ целиот свет, Сами староседелците се чувствуваат потиснати и загрозени од нивната федерална влада и влијанието на надворешниот свет во нивната култура.

Од една страна, повеќето помлади генерации на Сами претпочитаат да ги оставаат своите семејни традиции и да се етаблираат во поголемите градови за да се фокусираат на подобри работни места. Од друга страна, постои постојана битка меѓу владата и Сами популацијата со цел да се најде заедничка основа за она што припаѓа на Сами, а што припаѓа на државата.

Овде, во Шведска Лапонија има околу 20.000 Сами. Сепак, тие денес се признаени низ целата земја и нивните традиции се голем дел од културното наследство на Шведска Лапонија.

Какви работи правеше и што научи за време на твојот престој во Лапонија и дружење со мештаните?

Од моментот кога пред три години се преселив првично во Финска Лапонија досега научив многу работи и стекнав доста пријателства со мештаните. Од приспособување како да преживеам на 20 степени под нулата, и да уживам во долги прошетки и тури во националните паркови, па сè до усовршување на зимски спортови како сноубординг и нордиско скијање, списокот за учење од година во година се зголемува.

Последната година предизвик ми беше да научам правилно дишење додека од топла сауна влегувам во ладната река без притоа да бидам исплашен од помислата на мразот и студенилото. Секако, во областа Лапонија постојат бројни активности кои ќе ги засакате во која било од осумте сезони бидејќи природата е уникатна и недопрена.

toni gogov makedonec koj raboti na plovecki spa hotel vo svedska laponija da probate kafe sirenje i da naucite kako pravilno da dishete dodeka od topla sauna vleguvate vo ladna reka 8

Научи ли некој трик како да ти биде топло додека се шеташ на снегот?

„Нема такво нешто како лошо време, само лоша облека“. Честопати можете да ја чуете оваа изрека во нордиските земји. Особено точно овде во Лапонија.

Исто така, јас би ја потенцирал важноста на употребата на слоеви облека со соодветен материјал. Кога станува збор за облека на отворено, треба само да запомните две работи. Не користете гумени чизми во текот на зимата, бидејќи е невозможно да ги загреете нозете во нив. Памукот е лош, волната или 100% полиестер е добар.

На почетокот на мојот престој видов дека секојдневната облека на луѓето во Лапонија изгледа малку спортски. Но, откако излегов на -20 °C во прекрасното зимско утро, брзо научив да ја ценам долгата долна облека. Наскоро почувствував дека нема ништо поубаво од скијачките панталони кои ме штитат од прилично сè што може да ме погоди за време на многу студените зимски денови во Лапонија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg