Александра од Скопје: „Имаме одлични односи со поранешната сопруга на партнерот – заедно ги славиме родендените и си помагаме“

„Ние сме една интернационална, хаотична, шарена заедница која не припаѓа на стандардните семејства, меѓутоа го наоѓа автентично и индивидуално својот пат кон среќата. „Пачворк семејството“ е составено од партнери со кои живеат постојано или делумно заедничките деца и/или децата од претходните партнерства во едно домаќинство“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Александра Шекутковска, Македонка која живее во такво семејство, а отворено ги споделува сопствените искуства и во книгите што ги пишува, но и на социјалните мрежи.

aleksandra-od-skopje-zhivee-vo-pachvork-semejstvo-moeto-i-decata-na-partnerot-brzo-se-zasakaa-negovata-poraneshna-partnerka-e-srekjna-za-nas-01.jpg

Кај нас, во Македонија, се чини дека сè уште не е развиен концептот за т.н. пачворк семејства или семејства каде партнерите живеат постојано или делумно со децата од претходните партнерства во едно домаќинство.

Како изгледа животот во едно семејство каде децата наместо да загубат родител, откако еден од нив ќе започне нова врска, добиваат „бонус“ родител кој се грижи за нив? Кои се предизвиците при формирањето на ваквите семејства? Што е она што е неопходно да го поседувате како личност за да можете да живеете во вакво семејство?

Ова се само некои од прашањата за кои поразговаравме во интервјуто со Александра Шекутковска.

aleksandra-od-skopje-imame-odlichni-odnosi-so-poraneshnata-sopruga-na-partnerot-site-zaedno-se-grizhime-za-decata-02_copy.jpg

Александра Шекутковска е урбана дизајнерка и архитектка, писателка на книгата и дневникот „Концепт мама“, дизајнерка на накит, феминистка, менторка, учителка.

Таа е родена во Скопје, меѓутоа живеела во Цирих, Бангкок, Франкфурт, Брауншвајг, и моментално живее со нејзиното семејство во Бремен.

Александра е мајка на 6-годишната Sуница, „бонус мајка“ на ќерките на нејзиниот партнер, Амели (9) и Оливија (13), а во моментов е бремена со уште едно девојче кое заедно со партнерот го очекуваат ова лето.

Таа во интервју за CRNOBELO.com говори повеќе за самиот концепт на „пачворк“ семејство и кои се предизвиците кога се живее во ваква заедница:

Колку време сте со партнерот и појаснете ни како на почетокот беше прифатена вашата врска од вашите деца?

Со партнерот сме заедно 3 години. Нашата врска почна интензивно и децата ги запознавме релативно брзо зошто двајцата бевме многу зафатени.

На душевно ниво веројатно имавме од почетокот силно чувство на љубов и поврзаност еден за друг.

Нашите деца првпат се запознаа преку печење божиќни колачиња кај мене дома.

Секое дете реагираше различно, но очите им светеа. Почетокот на едно „пачворк семејство“ е процес, потребно е време и простор за секој член да си го најде своето место.

aleksandra-od-skopje-imame-odlichni-odnosi-so-poraneshnata-sopruga-na-partnerot-site-zaedno-se-grizhime-za-decata-03.jpg

Појаснете ни што е „пачворк семејство“? Како функционира?

„Пачворк семејство“ е храбар формат на новоформирана заедница. По дефиниција тоа е семејство составено од партнери со кои живеат постојано или делумно заедничките деца и/или децата од претходните партнерства во едно домаќинство.

Изразот „пачворк“ или на македонски јазик „закрпување“, се користи зошто се обединува семејство од делчињата на други, претходни завршени партнерства.

Социологот д-р Кутшера објаснува дека за разлика од класичното нуклеарно семејство кое се развива бавно и во кое секој член има време да ја осознае својата улога, пачворк семејствата се рапидни и обединуваат/спротивставуваат различни семејни системи кои имаат претходно дефинирани улоги, задачи, правила и процеси.

aleksandra-od-skopje-imame-odlichni-odnosi-so-poraneshnata-sopruga-na-partnerot-site-zaedno-se-grizhime-za-decata-07.jpg

Значи ли тоа дека сте во одлични односи со поранешната партнерка на вашиот партнер и со вашиот поранешен партнер и какви заеднички активности имате?

Поранешната партнерка на мојот партнер е среќна за нас, редовно се гледаме и разговараме кога на некое од децата му е потребна поддршка. Помеѓу нас нема скриени агенди.

Сепак во овој однос важно е да постојат и одредени граници, кои зависат од инволвираните индивидуи.

Со мојот поранешен сопруг имаме коректни односи, тој редовно се гледа со нашата ќерка.

Од заеднички активности ги славиме само родендените на децата заедно, сметам дека тоа е сосема доволно.

aleksandra-od-skopje-imame-odlichni-odnosi-so-poraneshnata-sopruga-na-partnerot-site-zaedno-se-grizhime-za-decata-04.jpg

Опишете го моментот кога знаевте дека постои можност сите заедно да бидете едно големо семејство. Колку време беше потребно за да стекнете меѓусебна доверба помеѓу сите членови на семејството?

Долг период беше динамично додека сите се прилагодивме еден на друг. Јас си поставував многу прашања: „Која е мојата улога во ова семејство? Како ќе функционираме со три деца? Како ќе ги балансирам своите професионални обврски и желби за само-остварување? До каде можам да поставувам правила или што е моја обврска, а што не?“

Она што многу помогна е дека децата многу брзо се засакаа едни со други, а и ние како партнери многу вложивме во одржувањето на нашата врска иако поминавме тешки периоди.

aleksandra-od-skopje-imame-odlichni-odnosi-so-poraneshnata-sopruga-na-partnerot-site-zaedno-se-grizhime-za-decata-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg