Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, кај ќерката го откривме на 9 години“

„Дијабетесот не е болест, туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочија да помислиме дека е дијабетес и да направиме комплетна проверка беше наглото слабеење, а кај ќерката, првите симптоми што ги забележавме беа зачестено мокрење и потребата за течност“ – вели за CRNOBELO.com, Ирена Марковска, мајка на две деца кои имаат дијабетес тип 1.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-01.jpg

Игор и Ирена Марковска од општина Илинден, Скопје, се родители на две деца кои имаат дијабетес тип 1.

Како што велат, најтешко им паѓаат миговите кога мораат итно да ги носат децата на Клиниката за ендрокринологија во Скопје, што може да се случи и до трипати годишно. Заради мала настинка се случува тие да завршат во болница,а  кога добиваат терапии да имаат и пет канили во рацете истовремено.

Со нив зборувавме повеќе за симптомите на дијабетесот, кој се појавил заедно со други дијагнози, а и за предизвиците со коишто се соочуваат како семејство кое со години наназад мора да се грижи за две деца со ваква состојба.

Целото интервју од Игор и Ирена во продолжение:

Колку години имаа вашите деца кога им беше дијагностициран дијабетес тип 1?

На моето прво дете, синот кој моментално има 19 години, за првпат му беше дијагностициран дијабетесот на 12 години.

На ќерката која што има 13 години за првпат ѝ беше дијагностициран на 9 години.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-02_copy.jpg

Кои беа првите симптоми што како родител ги забележавте, а кои укажуваа дека треба итно да се обратите на лекар?

Кај синот првите симптоми што нѐ насочија да помислиме дека е дијабетес и да направиме комплетна проверка беше наглото слабеење, затоа што тој преку ноќ симнуваше по 1 килограм.

Кај ќерката, првите симптоми што ги забележавме беа зачестено мокрење и потребата за течност. Тоа нѐ натера исто така да направиме подетални испитувања, затоа што кај неа дијабетесот беше пропратен и со панкреатит, а кај синот дијабетесот беше пропратен со заболување на тироидната жлезда, Хашимото.

За жал, дијабетесот никогаш не доаѓа сам, со себе носи и други болести, а доколку не се третира соодветно знае уште многу други дијагнози да повлече.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-03_copy.jpg

Што значи да се биде мајка на деца со дијабетес? Колку како семејство моравте да се прилагодувате на оваа состојба?

Јас, како родител на две деца со дијабетес, морам да се прилагодувам на нивната состојба. Многу непреспиени ноќи, многу контроли дали биле ноќе или преку ден, посебно кога се со настинка треба посебно да им се обрне внимание со контола на гликемиите, дехидрација и навремени корекции на самите гликемии.

Во правилно време појадок, ручек и вечера, понекогаш и ужина... Сѐ зависно од висините на гликемиите. 

Влијаат ли некои надворешни фактори врз здравствената состојба на вашите деца? Кои?

Повеќето надворешни фактори се големи влијатели на здравствената состојба.

Во голем број држави веќе има сензори кој што контуирано ги следат гликемиите во крвта, а за жал, кај нас често нема основни работи како што се: ленти, глукомери, игли и како др.

Кај нас, за жал, се користат глукометри-мерачи кои што не даваат вистински вредности на шеќерот во крвта, новите мерачи што ги добивме се без декларации и без гарантен лист, а немаат ниту упатство за употреба од државата од која потекнуваат, ниту сертификат.

Како родители крајно сме револтирани.

irena-i-igor-markovski-imaat-dve-deca-so-dijabetes-dijabetot-sekogash-so-sebe-nosi-drugi-bolesti-na-kjerka-mi-i-beshe-otkrien-na-9-godini-06_copy.jpg

Кои се најголемите предизвици со кои како семејство се соочувате?

Најголем предизвик во семејството ни е тоа што сме сами оставени сами на себе да мора сами да си купуваме ленти, и сензори за двете деца.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ирена Голомеиќ - инспиративна, урбана, модна дама на која семејството ѝ е на прво место (фото) „Колку и да звучи клише навистина ништо не е тешко кога го правиш со љубов. Бала...
Ирена Димоска, жртва на семејно насилство: „Првпат ме удри по свршувачката, ме напаѓаше и кога плаче... „Првиот напад беше со закани и влечење за коса, а најтрауматично ми беше кога ја...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg