Валентина од Велес: „Мојот син Бубе 29 години живее со тешко оштетување на слухот, но црта, одгледува цвеќиња и пчели“

„Бубе се роди како здраво дете, но тој ден, на сите три жени што бевме породени во ист ден, децата ни се заразија со бактерија, по што Бубе доби оштетување на слухот. Тој сега нормално зборува, и комуницира и е многу добро и воспитано дете. Има многу свои таленти, најголем дел од своето слободно време го поминува во цртање, љубител е на цвеќињата и ни помага со пчелите, а најтешко ни е тоа што целиот финансиски товар за него паѓа врз нас како семејство“ – вели во изјава за CRNOBELO.com, Валентина Дукова, мајка на Бубе Дуков.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-01.jpg

Бубе Дуков (29) e талентирано момче од Велес што целиот свој живот живее со големо оштетување на слухот, но тоа не го спречува да се посвети и да ужива во своите таленти.

Со оглед на тоа што е невработен, цртањето, цвеќињата и пчеларството му го пополнуваат времето, а она малку време што му останува, го користи за објави на Фејсбук групата „ДВОРЧЕТО“, каде редовно го споделува своето знаење со другите корисници.

Во интервју за CRNOBELO.com, мајката на Бубе, Валентина Дукова ја раскажува тешката борба и тешкиот пат што го поминале од мигот на неговото раѓање, но и за предизвиците со кои како семејство на лице со попреченост се соочуваат и денес.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-02.jpg

Бубе може да слуша само со помош на слушни апарати кои чинат над 1.500 евра, а трошоците поврзани со овие апарати паѓаат на товар на семејството.

Дополнително, воопшто не било лесно за Бубе да научи да зборува, да комуницира и да се осамостои, а целото семејство макотрпно работело за денес да му обезбеди нормален живот.

Валентина е дипломиран економист, со над 25 години искуство во професијата и моментално работи во приватна фирма во комерција.

Како што вели, за трнливиот пат низ кој поминале со Бубе, може да напише цела книга, но за CRNOBELO.com таа се потруди накратко да ја раскаже приказната на нејзиниот син.

Проследете го интервјуто со Валентина во продолжение:

Кога за првпат забележавте дека Бубе има оштетување на слухот? Раскажете ни ја накратко приказната.

Бубе се роди како здраво дете, но тој ден, на сите три жени што бевме породени во ист ден, децата ни се заразија со бактерија, едното за жал почина, а Бубе и другото девојче (разлика во раѓање само 2 часа) останаа со големо оштетување на слухот.

Иако нѐ советуваа да ја тужиме болницата, нам ни беше најважно да му го спасиме животот на нашето дете, за ништо друго не размислувавме...

Првите месеци од неговиот живот ни поминаа по болниците, некои од докторите ни велеа дека ќе има големи оштетувања. Некои мислеа дека нема да прооди. Тоа беа големи трауми за нас...

Како поминуваа месеците, го следевме неговиот раст и развој, навидум изгледаше дека сѐ е во ред со него, сѐ додека на негови три-четири месеци не забележавме дека, сепак, нешто не е во ред и дека не реагира на звуци...

И повторно тргнавме по прегледи. Сѐ додека не се утврди колкаво е оштетувањето, тоа беше голем шок за нас. Кога ни кажаа дека оштетувањето е големо и на двете уши, и не се знае дали и со слушни апарати ќе може да слуша, а прашање е дали и ќе научи да зборува...

Тогаш почна нашата борба: Што да се прави? Кај да се оди?

Веднаш отидовме за да видиме кој слушни апарати би му помогнале. Тогаш, како и цело време потоа, не прашуваме колку чинат слушните апарати, туку кои од нив се најјаките што ги имаат, бидејќи само со тие може да слуша, а треба да покриваат над 120 децибели.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-19.jpg

Во однос на набавката на апаратите, целиот трошок паѓа на наш товар, немаме никаква помош од државата.

Сите овие години се изморив од одење по вратите на министерствата, пишување на мејлови. Објаснување на состојбата. Но, нема заинтересираност за да се разгледа проблемот за овие лица со големо оштетување на слухот, се сменија неколку партии на власт, ама од никого ништо...

Последниот мејл што го пишав од пред некој месец до Фондот, пратив повторно целосна документација за оштетувањето на Бубе и за тоа дека апаратите што треба да се набават чинат околу 1.500 евра.

И овојпат не добивме никаква помош од Фондот, па тогаш се обративме до Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој веднаш ни помогна со дел од потребните средства за набавка, а остатокот беше на наш товар.

Од Фондот ни одговорија дека тие слушни апарати не биле влезени во Правилникот за набавка на слушни апарати и не можеле да го дефинираат материјалот за тие апарати бидејќи бил надстандарден...

И толку многу повторно нѐ разочараа. Со ова ги оставаат овие лица на милост и немилост...

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-03.jpg

Колку вие како семејство моравте да се надоградувате и да се приспособите на потребите на Бубе?

Бубе не научи знаковен јазик. Во консултација со логопеди, ни кажаа дека ако го научи знаковниот јазик нема да го научи говорниот и ние одлучивме секој ден да го носиме во Скопје во центарот за говор и слух и таму да учи да зборува.

Тоа беше многу тежок период и за нас како родители и за него, бидејќи почнавме од негова едногодишна возраст.

Јас патував со него на релација Велес - Скопје, за еден час логопедски стручен третман во Центарот, потоа, кога ќе се вратев, одев на работа.

Фирмата каде што тогаш работев имаше големо разбирање: бев ослободена од работа, кога и да треба, а и многу ми помогна исто околу првата набавка на слушните апарати...

А на секои 3-4 години набавуваме нови слушни апарати и секогаш се поусовршени и поскапи и тоа како што кажав целосно на наш трошок...

Исто така на секои 4 месеци се изработуваат нови оливи, а секој месец купуваме и батерии за апаратите. И сето тоа е на наш товар.

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-12.jpg

Колку во Македонија образовниот систем беше подготвен за да одговори на потребите на Бубе? Дали во тој период беше достапна специјализирана настава за дечиња со оштетувања на слухот?

Во тој период немаше никаква специјализирана настава. Ние како родители баравме но, не добивме ништо, Бубе одеше во редовна паралелка.

За среќа неговата баба беше наставничка во истото училиште, па така и децата и наставниците убаво го прифатија, и така заврши основно образование, а потоа и средно хемиско училиште исто во редовна настава.

Сето тоа беше многу тешко, но со многу голем труд, многу успеавме. Бубе сега нормално зборува, и комуницира и е многу добро и воспитано дете. 

valentina-od-veles-mojot-sin-bube-29-godini-zhivee-so-teshko-oshtetuvanje-na-sluhot-no-crta-odgleduva-cvekjinja-i-pomaga-vo-semejniot-pchelarnik-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгле...  „Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со ист...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Теодора Мицеска (17), пејачка: „Се трудам македонската изворна музика да не се пее само во Македониј... „Негативни коментари ќе има секогаш, колку и да си одличен, колку и да имаш квал...
Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 3... „Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg