Анета Павловска, тениски судија: „Судев на Wimbledon, Новак секогаш нè поздравува, но забранета ни е дружба со тенисерите“

Каде сè си судела низ годините? Кој ти бил некој од највозбудливите натпревари?

Има толку многу турнири на кои сум била, од Кина и Јапонија, до Канада, Австралија, Катар, Мексико, Лондон... 

Секој турнир носи некој незаборавен спомен на кој со радост се сеќавам.

Сепак би го издвоила моето прво појавување на централниот терен на Roland-Garros во 2017 година.

Играше Стан Вавринка, а стадионот беше преполн.

Имав толку многу трема, што еден час не ја кренав главата кон публиката сè додека мечот не заврши.

aneta-despotoska-teniski-sudija-12.jpg

Колкава возбуда е кога ќе ги видиш пред себе некои од најголемите тениски ѕвезди? Си почувствувала ли некогаш трема додека стојат пред тебе?

Судење во ерата на златната тројка Федерер, Ѓоковиќ и Надал во машкиот тенис, како и Серена, Венус и Халеп во женскиот тенис, па сега и новата генерација Алкараз, Ига… мислам дека ни еден судија на светот не може да посака повеќе. Среќна сум, горда и привилегирана.

А, дали имам трема? Па, повеќе би рекла дека чувствувам одговорност да бидам на висина на задачата и некоја позитивна возбуда во првите 5 минути од мечот. 

322668949_710994684040547_4763395932975005314_n.jpg

Неодамна судеше во финалето на Roland-Garros 2023. Како би го опишала тоа искуство?

Финалето на еден Гренд слем е всушност она за кое секое судија работи целата своја кариера.

Искуството е незаменливо и неописливо.

Еве на пример, Фергус Марфи, главниот судија на финалниот натпревар на Wimbledon 2023 помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз доби можност да суди финале по 30 години напорна работа.

Исто е и за линиските судии. Само 20-те најдобри од 350 по основ на повеќе критериуми добиваат таква можност.

Нескромно можам да кажам дека сум горда на тоа. 

aneta-despotoska-teniski-sudija-03.jpg

Дали си го запознала Новак Ѓоковиќ? Каков впечаток ти оставил?

Ние судиите, како и играчите, постојано патуваме од турнир на турнир.

Но, поради конфликт на интереси и полисата на судење, не смееме да се дружиме и бидеме во контакт со нив.

Можеби е интересно да споменам дека не смееме ни да користиме социјални медиуми во текот на еден турнир, па и за да дадеме интервју, пожелно е да добиеме потврда од Интернационалната тениска федерација.

Така што, морам да ве разочарам, но со Новак не се знаеме лично.

Но, често се среќаваме, па кога и да види судија во униформа, знае да се поздрави.

aneta-despotoska-teniski-sudija-06_copy.jpg

Има ли многу жени судии во машкиот тенис? И жени судии воопшто?

Во последните години како и во другите спортови сè повеќе и повеќе имаме женски судии кои судат машки мечеви и делат правда на големи натпревари.

Па и од регионот ги имаме Маријана Вељовиќ од Србија која има судено 10-тина финалиња и Марија Чичак, првата жена која во 2021-ва судеше машко финале на Wimbledon.

Континуирано, преку различни програми на ITF, WTA и ATP, се работи на популаризација и добивање повеќе жени во оваа работа. 

106417484_3174996489246343_1134754065726778098_n.jpg

Освен на Roland-Garros, дали си судела и на останатите три Гренд слема? Колку се разликуваат условите за работа на секој од овие турнири и лично, кој ти е омилен на тебе?

Оваа година бев на Wimbledon и го судев полуфиналето Ѓоковиќ-Синер, но и Алкараз-Медведев.

Сум била дел и од австралиската серија турнири, но на US Open бев единствено како гледач.

Секој од овие четири турнири е посебен на свој начин. Додека Америка и Австралија се први кои ги прифатија промените на човечкиот фактор со новата технологија (Hawkeye) и каде повеќе од фановите се млада публика кои доаѓаат да гледаат тенис, но и да се забавуваат, во Париз и Лондон главен акцент се става на тенисот и традицијата.

aneta-despotoska-teniski-sudija-02.jpg

Секако не изостануваат ни јагодите и шампањското. Сè е толку престижно, елегантно, беспрекорно.

Пријателите често ме прашуваат зошто во Лондон гледаат доста повозрасни луѓе како судии.

Тоа е традицијата таму. Многу од судиите кои Wimbledon го работеле 25-35 години, сè уште со ист жар и љубов доаѓаат и го даваат својот максимум.

Фасцинантно е да се слушаат приказните и искуствата што тие луѓе ги поминале и промените што на терените и во тенисот ги доживеале низ годините. 

aneta-despotoska-teniski-sudija-24.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Михаела (26) од Гевгелија е тениски судија: „Понекогаш судам и по 3 меча на ден, сум пропуштила важн... „Две недели откако се здобив со лиценца за судија, имавме турнир - не можев да в...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава