Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со сопругот имаме успешен бизнис“

„2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор и ќе си купам за роденден. Многу е без врска што на 18 август кога ми е роденденот, на Нов Зеланд е зима. Чудно е, но се навикнуваш. Пред 3 години запишав факултет, дипломирав дигитален маркетинг и горда сум на себе“, вели Хелена Роза во интервју за CRNOBELO.com, откако по 4 години си дојде дома.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-01.jpg

За Хелена Роза, дамата која беше една од најпопуларните водителки кај нас и рушеше табуа со својата емисија „Во кревет со Хелена“, и понатаму се зборува, иако таа веќе 10 години не е на телевизија и одамна живее на Нов Зеланд.

По 4 години, Хелена е повторно во Македонија – само еден ден откако слета во Скопје, таа беше гостинка на свадбата на Стефан Лазаров и Марта, па пак крена прашина и со своето појавување и со фустанот што го носеше.

Хелена, вели дека никогаш не се доживувала себеси како славна личност, па во разговор за CRNOBELO.com, таа призна:

„Не знам зошто е тоа така, можеби тоа е поради мојата енергија. Од една страна ме чуди, но од друга страна ми е драго што ме паметат, иако веќе 8 години не живеам во Македонија“.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-24.jpg

Насмеана и пријатна во разговорот, помалата сестра на пејачката Ребека, со многу емоции раскажа за времето кога беше меѓу најпознатите дами во јавниот живот кај нас, но вели не знае дали некогаш пак би ѝ се вратила на телевизијата.

Тука се и муабетите за животот во Нов Зеланд, успешниот бизнис кој веќе три години го има со сопругот Игор, за ќерката Кјара која е политички активна во земјата, за синот Тиан (6), но и за сите предизвици со кои се соочиле кога се преселиле во непозната земја каде што не знаеле никого.

Сето ова во едно забавно интервју со Хелена за CRNOBELO.com:

По колку години се врати во Македонија? И овојпат дојдовте сите или ќерката Кјара остана на Нов Зеланд?

Доаѓам по точно 4 години. Бев претходно тука во 2019 година.

Кјара овојпат не дојде со нас, остана дома со дечкото. Таа имаше многу причини да не дојде - завршува правен факултет таму, последна година ѝ е од студиите, па не сакаше да изгуби неколку предавања.

Има и нова работа од пред неколку месеци, а ова е и изборна година во земјата, па бидејќи таа е политички активна, со тоа има многу обврски.

А и нејзиниот дечко работи, па решија да дојдат в година.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-09_copy.jpg

Какво беше чувството кога пристигна на аеродромот во Скопје? Ребека ви приреди баш убав пречек, па споделивте и некое видео на Инстаграм.

Многу е интересно кога доаѓаш по долго време на место што многу добро го познаваш. Секогаш кога ќе дојдам во Скопје имам чувство како да не сум била отсутна толку време. 

А и градот не е многу променет. Улиците се тие, некои продавници се затворени, отворени се нови, некои луѓе се тука, други ги нема...

Инаку, нè пречекаа Ребека и сестра му на Игор, која дојде со балони за Тиан и со подароци.

Беше интересно што јас снимав од едната страна, тие од другата страна, па имаме неколку видеа.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-25.jpg

Колку долго ги немаш видено Ребека, мајка ти Роза, внуците? Доаѓаат ли тие кај вас на гости?

Во овие 4 години мајка ми 2 пати беше на Нов Зеланд.

Првиот пат си замина 2-3 недели пред да почне фамозниот локдаун. И добро е што се случи така, бидејќи неа ќе ѝ беше многу тешко, ќе беше спречена да се врати и да ѝ помага на Ребека.

Потоа дојде во октомври 2022 и седеше до март.

А со Ребека и децата се немам видено 4 години.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-21.jpg

Се доби впечаток како со сопругот Игор од авион да отидовте директно на свадбата на Стефан Лазаров....

Да, ние стигнавме во петок, отидовме кај мајка ми, не се ни дораспакувавме, преспавме и веќе почнавме да се спремаме за на свадба.

А бидејќи знам дека по пат може да се изгубат куферите, во рачниот багаж на Тиан ја спакував свадбарската гардероба. Скоро 4 дена немавме спиено.

Но, Игор и јас сме многу активни луѓе, сакаме адреналин. Заедно сме 15 години и мислам дека во тоа време можеби 3 пати сум го слушнала да каже дека е уморен.

Инаку, често ме канат на свадби во Македонија, и верувај, да имам некој да ми го чува Тиан, не би имала проблем во четврток да дојдам во Скопје, да одам на свадба со сабота, и во понеделник да тргнам назад за Нов Зеланд.

helena-roza-02.jpg

За твојот изглед на свадбата се зборуваше многу. Кој ти го креираше фустанот?

Фустанот е креација на Сесилија Канг, која е една од најпознатите креаторки на висока мода, не само на Нов Зеланд, туку и на Пацификот, а популарна е и во Кореја.

Нејзините фустани ги носат најпознатите новозеландски актерки и водителки. Таа ја работеше костимографијата во филмот M3gan, едиоторијали со нејзини креации се објавени во италијански и англиски Vogue.

Со неа случајно се запознав преку мојата претходна работа, кога работев како маркетинг-менаџер во Eye Magazine.

Сесилија имаше своја ревија, бидејќи компанијата во која работам, освен што има магазин, има и своја ПР агенција.

Еден од настаните што ги организира е What Women Want, најголемиот настан на Нов Зеланд на кој се собираат околу 500 успешни жени. Таа имаше своја ревија, па се запознавме и се зближивме многу.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-17.jpg

Лани ова време ми се јави и ми вели: „Хелена, јас ќе правам VIP ревија и сакам да бидеш мој гостин, да носиш моја креација“.

Ѝ кажав дека сум почестена, а таа беше воодушевена од тоа како фустанот изгледаше на мене. И така ни почна соработката.

Сега пред да дојдам за Македонија, таа ми кажа дека сака да ми даде 3 фустани за да ги носам тука. Таа ги избра фустаните, направивме проба и ги зедов со себе.

Едниот фустан го носев на свадбата на Стефан и Марта, а вториот го облеков пред неколку дена во Куманово, кога бев во жирито за избор на Мис на Македонија.

Инаку фустаните се рачно изработени – везени, скапи се, изгледаат прекрасно и многу сум почестена што ми даде да ги носам.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-20.jpgХелена со Сесилија Канг

Очекуваше ли да привлечеш толкаво внимание уште недојдена?

Јас веќе 10 години не сум на телевизија, а 8 години од тоа сум на Нов Зеланд.

Од една страна ме чуди, но од друга страна ми е драго што ме паметат. Можеби тоа е поради мојата енергија, не знам.

helena-roza-po-4-godini-se-vrati-od-nov-zeland-zaminav-na-39-godini-zavrshiv-fakultet-i-sega-so-soprugot-imame-uspeshen-biznis-26.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg