Кога љубовта не познава граници: Приказните на две балканско-бразилски семејства

Каролина и Бранко - бразилско-српска љубов

За младата Бразилка, Каролина Мишковиќ, најголемиот предизвик да се биде во интернационален брак не е партнерот кој е странец, туку живеењето во неговата земја.

Каролина од Сао Пауло и Бранко од Бјелина, Република Српска, се запознале во ноември 2017 година, додека и двајцата работеле на брод за италијанска компанија, а веќе во мај следната година стапиле во брак.

Сега се горди родители на 4-годишната Јелисавета, Лела и две години помалиот Теодор, Тетео.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-07.jpg

Таа за CRNOBELO.com вели дека најголемиот предизвик за неа е живеењето во родната земја на саканиот.

„Со предизвици се соочуваме секојдневно, бидејќи на дневна база ние ги чувствуваме нашите различности, понекогаш е како реагираме во одредени ситуации или како се справуваме со бирократија, некогаш дури и шеги и сленг кој е тежок да се преведе и да има смисла на друг јазик. Но, најголемиот предизвик не е личноста, тука живеење во неговата земја“ – појаснува оваа млада мајка и сопруга.

Таа вели дека по речиси пет години, може да каже дека се чувствува адаптирано на животот во Бјелина.

„Во Бјелина се преселив во април 2019 година, скоро пред пет години, и можам да кажам дека дури сега се чувствувам адаптирано. Никогаш не можев ни да си замислам дека овој процес ќе биде толку тежок и бавен, иако имав претходно искуство со живеење надвор од Бразил, (Јужна Африка), но не можев да си ги замислам сите тешкотии кои ги искусив овде“, раскажуваа таа додавајќи дека на почетокот, кога само како турист го посетила градот, се чувствувала како „Алиса во земјата на чудата“, сè било волшебно, убаво и сите околу неа биле фини.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-08.jpg

„Но, дојде фрустрацијата, гнев. Тешко ми беше да се справам со секојдневните предизвици, споредбата. Сè споредував со Бразил, апсолутно сè, и тоа ме фрустрираше уште повеќе. Се чувствував тивко, потиснато, според мене работите беа погрешни и не функционираа.

Па, страдав многу, не разбирав, немаше смисла за мене, па ги имав тие моменти од 'Што правам тука?'. Како сè што бев научена од моите родители, сè за што работев и постигнав беше фрлено во отпад, бидејќи воопшто не ми беше потребно.

И одеднаш јас, која отсекогаш бев подготвена да помогнам, пријателски расположена и трудољубива, се видов себеси како станувам асоцијална, апатична и тонев во тишина. Но, тоа беше мој проблем, немаше никаква врска со мојот брак, тоа беше само мој начин да го видам светот, и очекувањата што ги имав беа искривени од реалноста.

Ми требаше време да размислам за периодот кога се чувствував лошо, и не сакав да се чувствувам вака засекогаш, па ја донесов одлуката да дадам шанса. Наместо да се жалам, одлучив да направам промена. Одлучив да слушам, да учам и да набљудувам.

Денес се чувствувам позрело, попочитувано и сум пофлексибилна. Го учам јазикот веќе неколку месеци, можам да комуницирам, но не течно. Следната година ќе почнам да одам на часови по танцување и народни инструменти и навистина сум возбудена“. – искрено раскажува Каролина.

На прашањето дали ги има научено јазикот, обичаите и традициите, таа вели дека го учи јазикот, но граматиката и кирилицата ѝ се навистина комплицирани.

Во поглед на религијата, живеат во град каде мнозинство се православни, па сега учи за сите обичаи и празници.

„А за храната, овде јадат многу работи што јас не ги јадам како печива, леб и свинско. Јас сакам скара и говедско, но не ми се допаѓа говедското месо овде.

Но, пробав традиционална сарма и веќе знам да ја спремам, сè додека е со говедско месо. Покрај сармата, ми се допаѓаат и гулаш, ќебапчиња и бурек, сè додека се со говедско месо“.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-09.jpg

Таа вели дека уште од своја 14-годишна возраст живеела во интернат и поради тоа е навикната да биде далеку од своето семејство и не е многу носталгична. Зборуваат често и имаат одлична врска, пред сè поради нејзините деца.

Но, тоа што најмногу ѝ недостига од родниот Бразил е слободата на говор, опциите во продавниците, огромните можности за забава и релаксација, онлајн шопинг, тропското овошје, па дури и јавниот превоз.

Како мајка во земја која не го зборува јазикот, вели дека е претешко.

„Најфрустрирачкиот дел од животот овде е секако мајчинството“ – вели Каролина појаснувајќи дека на почетокот со својата ќерка зборувала само на португалски бидејќи сакала таа да го знае нејзиниот мајчин јазик, но видела дека таа има послаб развој и дека и одговарала на англиски јазик.

Затоа продолжила да и зборува само на англиски, а сега кога го учи српскиот јазик, ги зборува и двата јазика со неа. Но, кога ќе потпорасне, планира да ја научи португалски.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-10.jpg

Во поглед на верата, таа додава дека нејзиниот сопруг е многу религиозен, па ги практикуваат сите православни празници, обичаи и слава во нивниот дом. Но, не празнуваат и не практикуваат бразилски традиции, ама обожаваат фудбал и секогаш заедно гледаат натпревари.

На прашањето која е тајната на успешен брак со партнер од различна култура, таа вели, молитва, почит и разговор.

„Мојот сопруг и јас сме многу блиски, искрени, директни и секогаш зборуваме за сè. Многу е важно да се има дијалог, да се дефинираат приоритетите и целите. Една по една работа и секогаш цврсто приземјени.

Но, исто така мислам дека се работи за карактерот и вредностите на секој човек. Ние си додаваме нови перспективи, нови лекции и интелектуално растеме, секогаш си ги поддржуваме соништата. Ова е нашата тајна за успешен брак“.

Бразил или Бјелина во иднина, таа вели дека во овој момент, има смисла нивното семејство да биде во Бјелина, а кога таа смисла нема веќе да постои, тогаш заедно, како семејство, ќе го одлучат следниот чекор, иако таа посакува нејзините деца да го искусат Бразил живеејќи таму еден ден.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-11.jpg

Две приказни, две мајки и сопруги, една на свое тло со сопруг странец, а другата се обидува да се навикне на сите нови балкански обичаи и традиции, секоја на свој начин се справува со сите секојдневни предизвици на интернационално семејство.

Си имаат изградено нивен мал свет, како јас тука во Бразил, свет кој само на нам ни има смисла. Свет во кој секогаш си славиме сè по двапати, и Божиќ и Велигден, и црвени јајца и чоколадни, кога правиме македонско гравче-тавче со бразилски зачини и кога нашите деца уште од мали веќе зборуваат два јазика. Сè е возможно додека постои љубовта!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg