Кога љубовта не познава граници: Приказните на две балканско-бразилски семејства

За CRNOBELO.com, две сопруги раскажуваат како е да се биде во интернационален брак и како се соочуваат со сите предизвици на модерното живеење. Една од Бразил, својот дом го наоѓа во Бјелина, а другата, пак, со својот Бразилец е во Скопје, но сонува да се пресели во Бразил.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-maria-i-ramon-karolina-i-branko-brazilsko-balkanski-semejstva-01.jpg

Кога пеперутките ќе затреперат во стомакот, кога во мислите ти е само еден мил лик, кога срцето ти чука само за една личност, кога и времето и просторот ја губат својата смисла, тогаш е љубов, онаа искрена, вистинска, голема љубов… Љубов за која се поместуваат граници, се учи нов јазик, култура и обичаи, тоа е таа љубов за која не постојат километри и временски зони и гордо им пркоси на сите предизвици и препреки.

Но, за оние парови кои се од различни краеви на светот, таа љубов носи многу предизвици и тешкотии, но како што се вели, заедно сме посилни од сè, па со меѓусебна поддршка, доверба и искрен разговор, тие предизвици се надминуваат.

За CRNOBELO.com, две сопруги раскажуваат како е да се биде во интернационален брак, како се соочуваат со сите предизвици на модерното живеење, одлуките во заедничкиот дом и растењето на своите најмили и најсакани. Една од Бразил својот дом го наоѓа во Бјелина, а другата, пак, со својот Бразилец е во Скопје, но сонува да се пресели во Бразил.

Сепак, тие го делат истото мислење, најтешко му е на оној кој ја напушта својата родна земја и мора да се навикне на нова средина, јазик и култура.

Мариа и Рамон - македонско-бразилско семејство

Македонско- бразилска љубовна приказна која започнала на фудбалски натпревар во Прилеп е бајката на Мариа и Рамон Барбоса која трае во последниве шест години.

„Јас го гледав на неколку натпревари каде што играше фудбал, а тој веќе од првиот натпревар ме забележал. Па, еден ден, откако заврши еден натпревар, тој сам дојде и ме праша како се викам и дали би сакала да одиме во ресторан да јадеме суши.

Ох, уште имам пеперутки во стомак кога ќе се сетам на тој момент“ – раскажува 29-годишната Мариа, која е прилепчанка, но заедно со Рамон и нивната ќерка сега живеат во Скопје, а оваа пролет нивното бразилско-македонско семејство ќе се збогати за уште еден член.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-02_copy.jpg

Таа вели дека најголемата тешкотија да се биде во брак со партнер од другиот крај на светот паѓа на грбот на оној кој останува во нова земја за љубов.

„Многу му е полесно на оној којшто ќе остане во својата земја и не мора да учи друг јазик или да му недостига семејството. Од друга страна, на партнерот од друга земја му е многу тешко.

Потешко е кога мора да го научи јазикот, да се откаже од својата комфорна зона, кога му недостига семејството. Тој е оној кој треба да вложи најмногу труд“ – појаснува таа.

За својот сопруг Рамон, таа вели дека брзо се навикнал на македонскиот начин на живот и стекнал многу пријатели.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-03.jpg

„Веќе беше навикнат и лесно се адаптираше на почетокот, затоа што тој на 19 години беше надвор од Бразил и живеел во различни земји низ Европа поради фудбалот, а посебно во Балканот каде ја научи балканската култура, храна и начин на живот.

Многу добро е прифатен од локалците, брзо стекна пријатели на почетокот кои до денес му се блиски и често се среќаваат. Па, има дури и повеќе пријатели од мене. Тоа би било многу поразлично во Прилеп, каде луѓето се позатворен народ“ – додава Мариа.

Таа вели дека често разговараат да се преселат во Бразил, секако сакаат да бидат во близина на преубавите плажи, но важно им е каде и да одат, да има интернационално училиште за нивната ќерка Наоми.

Мариа открива дека е заљубена во Бразил.

„Ја сакам атмосферата, среќни луѓе. Забавите во Бразил се најсреќни и најзаразни на светот. На самиот ритам од музиката почнувам да танцувам без прекин. Храната е многу разновидна и секогаш вкусна. Сè е многу добро зачинето. Дури и нивниот ориз има многу убав вкус.

Добро е што ако сè уште не е време за главниот оброк во денот, можам да најдам каде и да одам вкусни грицки и печива.

Неговото семејство ме прифати многу љубезно. Свекрва ми дури се расплака кога ме виде за првпат и беше пресреќна. Секој ден доаѓаа околу 5 до 7 членови од семејството кај нас во куќата. Со пиво, сокови и секаква храна. Па се дружевме по цели денови и ноќи со музика. Многу убаво искуство“, раскажуваа таа за нејзината посета на Бразил и запознавањето со неговото семејство за првпат.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-04.jpg

Во поглед на воспитување дете во дом од различни култури и традиции, Мариа вели дека ги слават сите празници по двапати - и со македонски, и со бразилски традиции и обичаи.

„Интересно е да се расте дете во семејство од различни култури. Ги славиме сите наши празници со моето семејство во Прилеп, но секако кога ќе дојде католичкиот Божиќ на 24 декември, традицијата ни е пренесена од неговата мајка да си зготвиме, да вечераме и ручаме за тој празник со бразилски госпел божиќни песни, на кои Рамон почнува да е емотивен, а јас по него ронам солзи. Па најинтересно ѝ е на Наоми што добива за тој Божик многу поклони под елка“.

За португалскиот јазик, Мариа вели дека нејзината ќеркичка, која веќе е полиглот, зборува и разбира, и обожава со татко ѝ да збори на неговиот мајчин јазик.

„Наоми почна да зборува и разбира португалски. Кога сака си зборува со Рамон на португалски јазик. Но, јас кога ќе ѝ зборнам ме одбива и сака да продолжам на македонски или англиски.

Така што, таа сфати дека тој јазик е од татко ѝ, и сака само со него и неговото семејство да зборува на португалски“ – вели таа и додава дека и таа се обидува да го научи јазикот, а дома зборуваат на англиски јазик.

Покрај традициите за празниците, ова македонско-бразилско мало семејство ја адаптира и својата исхрана според нивните татковини. Иако главниот готвач дома е Мариа, бидејќи Рамон обожава зготвена храна, и тој застанува зад шпоретот за да го подготви својот омилен бразилски специјалитет - feijoada црн грав со многу месо и ориз за време на викенд.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-05.jpg

„Научив да готвам многу нешта од бразилската кујна. Следам неколку бразилски инфлуенсери за храна на Инстаграм, гледам од нив и готвам. Исто така, Рамон ми помага за некои бразилски рецепти.

Скоро секој викенд правам Pao de quijo, тие се мали топки лепчиња од касава брашно, полни со кашкавал. Има уникатен вкус и ги јадеме како појадок со црно филтер кафе и вечера“.

Но, таа открива дека ја гледа нивната иднина во Бразил.

„Нашиот план за иднина е 99% НЕ во Македонија. Нормално, Македонија е убава земја и тука ми е семејството. Но, дојдовме со Рамон до тој момент кога веќе планираме за иднина во Бразил.

Тука сме многу среќни и задоволни со сето тоа што го создадовме и имаме. Но, ни треба една промена. Најмногу за бизнис и кариера, што во Бразил ни одговара работното време и временската зона за тоа што се занимаваме“ – појаснува Мариа која работи како менаџер за човечки ресурси.

Таа додава дека иако знае дека почетокот можеби ќе биде потежок, сепак ја гледа својата и иднината на семејството во Бразил.

koga-ljubovta-ne-poznava-granici-06.jpg

„Верувам со себе. Верувам во моите способности. Ако се сака, сè се може. Исто како што се изборив и изградив прекрасно семејство и кариера тука во Македонија со поддршка од Рамон, да растам во мојата кариера, да учам нови работи, да се надградувам со моето знаење и да се борам за сето тоа што го сторивме заедно со него, ќе можам и во Бразил со замижани очи истото да го правам.

Секако, најголемата поддршка и помош би ја немала таму, а тоа е мојата мајка. Но, сите овие години научив како да водам истовремено кариера, да бидам мајка и сопруга, самоуверено ќе продолжам со истото во која било држава“ – завршува оваа млада мајка и сопруга.

Приказната за Каролина и Бранко и нивната бразилско-балканска љубов прочитајте ја на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg