Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло

Беше ли тешко да се најде работа во струката во Норвешка? Или имаше обезбедено уште пред да се преселиш?

Најискрено, тоа ми беше најлесно најдената работа досега. Скандинавија отсекогаш ми беше примамлива за живот. Љубопитноста тука и ме донесе.

Додека бев во Мичиген, го истражував работниот пазар во Норвешка и почнав да праќам мејлови директно до менаџерите на клиниките, изразувајќи интерес во случај да им треба ембриолог.

Со оглед на фактот дека Норвешка има дефицит на медицински персонал и инженери, добив дури и две понуди од различни клиники.

Не беше лесно да се одбере и по скоро шест години поминати во САД, во 2020 се преселив во Норвешка во градот Хаугесунд. Тука работев една година.

Поради тоа што во Америка бев научен на брзиот начин на работа, а тука сè се одвиваше малку побавно, ме натера да сакам да станам дел од поголем тим и да прифатам поголеми предизвици.

Универзитетската болница во Осло, како една од најголемите болници во Северна Европа, објави конкурс за ембриолог.

Интересно беше тоа што аплицирав во вторник, па во средата ми се јавија за интервју кое беше во четврток, за да во понеделник добијам понуда за работа.

Ова ми е една од најдобрите одлуки во живот. Работам скоро две години и сум презадоволен од условите и колегите.

Имаме преку 1.500 циклуси годишно, работиме со најнови технологии, следиме светски трендови и што е најважно, работиме од срце и полна посветеност за да на повеќето парови им ја оствариме желбата за родителство.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-19.jpg

Колку е голема конкуренцијата на ова поле? И уште поважно, како те прифатија колегите како „странец“?

Ембриологија е релативно нова наука, рапидно се развива, а со неа расте и конкуренцијата.

Моментално во Норвешка постои огромен недостаток на медицински персонал. Можеби поради самата локација, климата и високите цени, како земја не е толку примамлива за искусниот кадар.

Лично од мое искуство, Норвешка има еден од најефикасните социјални системи и висок животен стандард, нуди исклучителни услови за живот и работа.

Во ова поле сум веќе осум години и ин витро лабораториите во светот се познати по тоа дека имаат луѓе од целиот свет. Така што сите сме странци и домаќини истовремено.

Мојот тим се состои од скоро 20 ембриолози кои доаѓаат дури од 10 различни земји.

Не можам да опишам колку тоа ме прави богат и колку ми го исполнува животот. Сите нè спојува само едно - стремењето кон остварувањето на пациентот да стане родител.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-18.jpg

Колку долго живееш во Норвешка? Како се реши да се преселиш таму?

Во Норвешка сум веќе две и пол години. Се преселив во декември 2020 година за време на короната. Мораше да ‘одлежам’ десет дена карантин.

Скоро секој ден ме хранеа со скуша, па дури пробав и пудинг од риба - прв и последен пат.

Првата работа ја имав во мала клиника во западна Норвешка на Северното Море, во срцето на фјордовите. Секој ден одев на работа со траект преку фјордовите од еден до друг остров.

Таму работев околу една година, а потоа се преселив во Осло каде што се вработив во државната болница, која е една од најголемите болници во Европа.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-15.jpg

Како би го опишал животот во Осло?

Осло за мене е еден од најубавите градови во Европа. Тоа е единствен главен град кој никогаш не ме „гуши“ и не ми создава потреба да сакам да избегам. Самиот град лежи во фјордот наречен Осло. Излегува на море, многу е просторен, полн со зеленило и паркови.

Една од метро линиите те води директно среде шума. Активно се работи за елиминирање на автомобилите од центарот на градот. Скоро и да нема автомобили.

Осло е град кој се стреми кон зелена и одржлива иднина, што се изразува преку различни еколошки и енергетски иновации кои го прават привлечен за сите кои ценат еко-пријателски начин на живот.

Пред да се преселам во Осло мислев дека е многу студено и многу скапо. Се покажа дека не е толку студено, но е прескапо.

Зимите обично се бели. Минатата година првиот снег падна во ноември и си остана до април. Нема толку екстремни ниски температури, но вистина е дека мрачно и сиво.

Во зима сонцето изгрева во девет и пол наутро, заоѓа во три попладне. Но, околу Божиќ градот има магична атмосфера. Некои од моите колеги дури и скијаат до работа низ градот.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-16.jpg

Летата, пак, се познати по полноќните зајдисонца и тогаш скоро и да не се стемнува.

Осло важи за еден од најскапите градови во Европа. Заради инфлацијата, последниот период дури и цените драстично се покачија, особено во угостителството.

Кога ќе прашам некој локалец каде е нешто „поевтино“, секогаш ме коригира и вели дека треба да кажам „помалку скапо“. Зборот евтино е елиминиран од норвешкиот јазик.

Нормално, мора да го научиш градот и местата каде е премногу скапо, а каде може човек да си дозволи нешто. По одредено време си ги наоѓаш своите омилени продавници и кафулиња. 

Во однос на цените, на пример, во центарот кафе може да биде над 5 евра, хамбургер во ресторан со помфрит и пијачка да е 30 евра, пиво околу 10 евра, порција тестенини над 20 евра.

Најболно е кога треба да оди на бербер - потстрижување за мажите чини 50 евра минимум.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-10.jpg

Како се навикна на тамошниот живот? И, дали требаше да го научиш норвешкиот јазик?

Искрено, ми требаше повеќе време да се адаптирам тука отколку во Америка.

Мислев дека е Европа и ќе ми биде полесно, но не беше така. Норвежаните се многу срамежливи и си ја ценат својата, но и приватноста на другите.

Знам дека важат за луѓе студени како санти мраз, но и самите ќе ви кажат дека ако еднаш се скрши мразот, лесно се допира до нив и си имате пријател засекогаш.

Дури никогаш нема да те конфронтираат, решаваат проблеми на сосема различен и продуктивен начин.

Јас сум сепак Балканец и се тешам дека им е симпатично и егзотично кога ќе повишам тон. 

Во однос на јазикот, скоро сите, од децата во градинка, па до старите луѓе, скоро сите зборуваат течно англиски, што те прави да бидеш малку мрзелив за да го научиш норвешкиот.

Иако важи за еден од полесните јазици за оние кои зборуваат англиски и други јазици од германската група, сепак многу имигранти поминуваат само со англиски.

Јас работам во лабораторија со колеги од Норвешка, Шпанија, Индија, Русија, Ирак и си комуницираме на англиски.

Моментално одам на курс и обично на работа за време на паузите со колегите си вежбаме да зборуваме норвешки.

Имав интересна случка кога почнав првата недела на работа и кога колегите си комуницираа норвешки и цело време ги слушав како зборуваат за некој Игор: „Бла, бла бла, Игор, бла Игор, Игор бла, бла“. По неколку дена ги прашав кој е тој Игор што не го вадат од уста цела недела и сфатив дека ,,Игор“ значи ,,вчера“ на норвешки (се пишува i går, се чита игоор).

uspeshni-makedonci-niz-svetot-voislav-od-tetovo-e-embriolog-vo-norveshka-godishno-im-pomaga-na-1-500-parovi-da-stanat-roditeli-11.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...

Најчитани неделава