Миа од Скопје игра во серијата „Балканска приказна“: „Сама го научив јазикот, имав само половина час да се подготвам за улогата“

„На снимањето имаше околу 50 луѓе коишто работат зад камерата, се бара највисоко ниво на професионалност, а секоја минута е испланирана и организирана. Помеѓу снимањата се вежбаат сценаријата, што значи одмор и пауза нема“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Миа Шаља од Скопје, која имаше споредна улога во турската серија „Балканска приказна.“

mia-od-skopje-igrashe-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-01.jpg

Скопјанката Миа Шаља (19) е меѓу Македонците кои имаа чест да работат на снимањето на серијата „Балканска приказна“, каде што таа се појави во улога на психотерапевт.

Оваа млада и убава девојка е студент на Стоматолошкиот факултет во Скопје, но во слободно време работи и како актер и модел.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-04_copy.jpg

Освен што учествуваше во познатата турска серија којашто се снимаше во Скопје, Миа била заштитно лице на познат италијански моден бренд, а се појавува и во краткометражен македонски филм.

Соработувала со стилисти и фотографи од Хрватска и Србија, а во моментов открива дека ќе биде заштитно лице и на познат бренд за козметика.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-02.jpg

Со Миа разговаравме малку повеќе за тоа како изгледа да се работи на турска серија. Таа за читателите на CRNOBELO.com открива како дошло до тоа токму таа да добие улога во серијата и како се одвивале снимањата.

Кои биле најголемите предизвици со коишто се соочиле, а кои моменти ќе ѝ останат како едни од најубавите спомени.

Во продолжение, целото интервју со Миа:

Како дојде до тоа токму ти да играш во турската серија „Балканска Приказна“?

Не можам да кажам дека се случи случајно, затоа што ова е еден сон којшто јас го имам уште од многу малечка, на којшто секојдневно работев самата со себе, за еден ден да можам да бидам дел од ваков проект, но можам да кажам дека се случи многу спонтано.

Од љубов кон турските серии го научив турскиот јазик.

Едноставно кога нешто многу сакате, целиот универзум се стреми да ви помогне да го реализирате, но само напорната работа, истрајноста и вербата можат да ве донесат до целта.

Памтам дека се имав вратено од училиште и случајно видов дека можам да аплицирам за серијата...

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-12.jpg

Аплицирав, но воопшто не му дадов значење на истото затоа што не можев ни да замислам дека од цела Турција и Македонија, од милион луѓе коишто имаат аплицирано, јас ќе бидам таа којашто ќе ја добие улогата.

Утредента ми се јавија од Турција и ми кажаа дека сум избрана во потесниот круг на глумци за улогата и ми побараа да снимам видео со одредено сценарио и да им го испратам.

После краток период го добив и повикот за серијата.

Да бидам дел од оваа серија за мене имаше посебно значење, затоа што потекнувам од мешан брак каде мајка ми е Македонка, а татко ми е Турчин-Албанец и сум израсната во духот дека љубовта граници нема.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-05.jpg

Имаше ли време за подготовки пред снимање? Како течеа тие?

Повикот за снимањето го добив половина час пред да стапнам на сцената.

Беше сабота кога ми се јавија од продукција околу 10 часот и ми кажаа дека за половина час треба да сум на снимање, иако јас го очекував тој повик но, не очекував дека ќе биде неколку дена по аплицирањето и толку брзо.

Веднаш се упатив кон централното место каде што беше стационирана продукцијата и главната зграда.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-09.jpg

Во меѓувреме, додека патував кон нив, ми го пратија сценариото коешто воопшто не беше мало и едноставно, а јас имав помалку од половина час да го научам целото, притоа требаше да внимавам на акцентот (турски јазик со скопски акцент за што актерите имаа одреден период да го научат пред да започне снимањето на серијата).

Само што стигнав на местото на снимањето, заедно со асистентот се упативме кон вежбање на сценариото на кое подоцна беа додадени уште неколку страници.

Подготовките течеа многу брзо затоа што имаше огромен тим којшто работеше на секој актер посебно, шминка, коса, стилист...

Откако завршија подготовките, заедно со глумците нѐ однесоа кон местото каде што се снимаа сцените.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-06.jpg

Колку време траеше снимањето на една сцена? Напорно ли беше?

Снимањето беше навистина напорно и бараше целосен фокус и концентрација.

Се снимаше повеќе од 6 часа, но колку и да беше напорно, тоа беше навистина едно незаборавно искуство исполнето со радост и љубов.

Атмосферата на снимањето беше буквално иста како атмосферата што е претставена во серијата, топлина, хармонија, но воедно и едно високо ниво на професионалност.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-13.jpg

Тоа е една огромна продукција, а на снимањето имаше околу 50 луѓе коишто работат зад камерата, може и повеќе од 50.

На самото снимање се бара највисоко ниво на професионалност, каде секоја минута е испланирана и организирана.

Помеѓу снимањата, додека се мести сцената, се вежбаат сценаријата, што значи одмор и пауза нема.

Најбитното како глумец за добро да се одигра улогата е глумецот да живее во таа улога пред да започне снимањето. Што значи, да се исклучи од реалниот свет и потполно да се фокусира и да живее во својата улога.

mia-od-skopje-igra-vo-serijata-balkanska-prikazna-sama-go-nauchiv-jazikot-imav-samo-polovina-chas-da-se-podgotvam-za-ulogata-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg