Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам

Како дојде до идејата да отвориш салон за нокти во Холандија? Колку е тешко или лесно да се започне свој бизнис таму, но и да се стигне до клиенти? Имаше ли некаква помош? 

Холандија како земја е насочена кон бизнис и овозможуваат олеснителни околности за основање на бизнис секому. Токму затоа и лулката на StartUp компаниите е тука.

Ја искористив таа можност да дадам интернационален пристап на „Велвет” и така се роди „Велвет Ротердам”.

Досегашното 10-годишно реноме на „Велвет” е всушност и причина за привлекување на клиенти тука, со тоа што во денешно време со интернет просторот сите информации се достапни секому.

Народски кажано „добриот збор надалеку се слуша”...

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-24.jpeg

Социјалните мрежи на „Велвет” се будно пратени од големите компании во областа на убавината и тоа ми помогна и поддржа да се здобијам со препознавање веднаш по отварањето на компанијата тука.

Имав интересна случка, уште првиот пат кога влегов во продавница на Pink Gellac, една од асистентите за продажба ми пријде и ме праша дали јас сум Velvet.Nails?

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-13.jpeg

Ме препозна од Инстаграм и била голем фан на мојот салон. Најголемата помош и поддршка во целиот овој процес ја имам од сопругот Борис, моите родители и брат ми Бранко.

Секако целиот тим на „Велвет“ стои позади секоја одлука која ја носиме.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-04.jpeg

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-10_copy.jpeg

Дали веќе започна со работа и дали имаш клиенти? Како е да се работи со Холанѓанките, во споредба со Македонките? 

Започнав со работа уште од првиот ден на отворање на фирмата официјално. Работам со клиенти кои најчесто ме наоѓаат на Инстаграм или ТикТок, колешки од факултет, пријателки од вежбање.

Како и во Македонија, еден задоволен клиент носи друг, па така мрежата се шири брзо.

Нема некоја голема разлика освен тоа што веќе напоменав, поскромниот избор и внимавање сè да е стерилно, за едно употреба и од сертифицирани брендови.

За разлика од Скопје, каде речиси со сите се поврзував и муабетев, тука си молчиме.

Со оглед на високиот стандард, за добра услуга се плаќа и нема компромис на тоа поле.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-17.jpeg

Какви луѓе се Холанѓаните? Зборуваш ли со нив за Македонија? Како ја доживуваат?

Генерално Холанѓаните ја сакаат Македонија бидејќи ги ценат природните убавини на нашата земја.

Секогаш кога ќе кажам дека сум од Македонија – добивам одговор „сум бил/а на одмор во Охрид”.

Неодамна слушнав дека во средно училиште имале некоја лектира, каде дејството се одвива во Охрид, па веројатно од таму потекнува интересот за Охрид кај Холанѓаните.

Големо природно езеро и планина, глетка што тука не можат да ја доживеат.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-03.jpeg

Кои се најголемите разлики со кои постојано се соочуваш со оглед на тоа што живееш на релација Македонија - Холандија? 

Веќе свикнав на патувачкиот живот. Секогаш кога одам во Скопје посакувам да можам да останам повеќе. Разликите се најголеми во климата.

Тука е многу поладно, па првиот ден назад во Ротердам секогаш настинувам. Тука луѓето се со преполни агенди, па за да се договорам за кафе, некогаш тоа е за три недели.

За разлика од тоа, во Скопје им се јавувам на другарките и им велам „доаѓам – ставај кафе”. Но, и тоа го разбирам и успевам да го менаџирам.

Често тој однос е и тема за подбивање со нив, сите странци се смееме за тоа.

Позади тоа сепак стои фактот дека на прво место им е семејството и работата, здравиот живот, паркови, теретани, па ако остане време за некое кафе и дружба - во ред.

Што во суштина и е многу здраво... Многу се поиндивидуални од нас, а тоа што најмногу ми се допаѓа е кога веќе се во друштво по кафулиња/ресторани, никој не е со телефонот во рака.

Тоа во Македонија не постои.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-15.jpegМарија во салонот за време на пандемијата со коронавирус

Каков е животот за млади луѓе во Холандија, како се одвива секојдневието?

Многу од младите работат од дома или од кафулиња. Има многу простории за заедничко работење каде можеш да седнеш и да работиш со некој ситен дневен надоместок.

Тоа е така бидејќи Холандија сепак не е мала земја, а младите живеат во еден град, и нечесто работат во друг.

Од моето лично искуство на патување Ротердам-Амстердам некогаш знае да биде мошне исцрпувачко.

Младите се слободни, индивидуални, насмеани. Има работа за сите, денот трае предолго, па имаат време да завршат сè. Отворени се за нови предизвици.

Многу од нив работат по 3-4 дена во текот на една недела, а другите денови им се посветени на надоградување на знаењето (Мастер, Докторат, курсеви...)

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-16.jpeg

Со оглед на тоа дека шеташ во повеќе градови низ Холандија, кој град ти е омилен и зошто?

Омилен град ми е Ротердам, бидејќи тука ми се сопругот Борис и „Велвет”. Многу е простран, не е е тесно, има многу зеленило и паркови и времето е поубаво од поголемиот дел на градовите.

Други градови кои многу ми се допаѓаат се Леиден, Гауда и обалата Шевенинген. Помали места полни со душа. Често одиме за викенд со Борис.

Амстердам е секако прекрасен и жив меѓутоа премногу гужва за моите стандарди. Ми останува уште многу да прошетам, па можеби и некое друго место ќе ме изненади.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-14.jpeg

Какви ти се плановите за иднина? Колку е тешко да се функционира на релација Холандија – Македонија? Дали би останала таму?

Јас сум со отворен ум и секогаш подготвена за нови предизвици. Оставам на времето да покаже во која насока ќе се одвиваат работите.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-marija-otvori-svoj-salon-za-nokti-vo-roterdam-18.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Марија и Борис живеат помеѓу два света, Скопје - Ротердам: Таа е на мастер студии, тој создава музик... „Во Холандија децата буквално уште од раѓање  во количка ги шетаат боси, из...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...

Најчитани неделава