Едина Муса за CRNOBELO: „Александар беше повозбуден што носам син, качив 13kg во бременоста“

Чија идеја беше името? Дали ќе биде синот крстен по некого или е тоа ваша желба - твоја и на сопругот?

Одлуките со Александар секогаш ги носиме заедно.

Во игра беа три имиња - Алек, Алексеј и Максим. Некако Максим ни беше омилено и на двајцата.

Ти со „рандом“ фотка на Инстаграм откри дека носиш момче и кажа дека неговото име ќе биде Максим. Не сакавте да направите забава за откривање на полот, како што е сега модерно?

Па, искрено, немавме план за тоа, затоа што ниту јас, ниту мојот сопруг не сме баш по тие работи.

Едноставно, нам не ни беше битно до толку дали е момче или девојче, само да сè биде како што треба.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-03.jpg

Кој беше повозбуден кога дознавте дека ќе имате син - ти или сопругот?

Александар беше повозбуден дефинитивно. Јас бев во неверување.

Да имам дете е мојата најголема желба во животот и, некако, кога сето тоа се случи, долго време бев збунета и во неверување дека конечно мојот сон се остварува.

И во 9-тиот месец ти си доста активна, не престануваш да вежбаш, да се движиш. Колку ти годи ова во бременоста?

Премногу. Не можам да замислам колку би ми било тешко да бидам бремена и да ги изведувам моите секојдневни обврски, кои се најчесто и по 10-12 часа дневно, доколку моето тело не беше во тренажен процес.

Јас сум веќе во 38-ма недела и воопшто не чувствувам дека сум бремена.

Мојот живот се нема нималку променето, се чувствувам јака и спремна и тоа ми дава дополнителна сатисфакција и мотивација во секојдневието.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-05_copy.jpg

Дали вежбаш со истиот интензитет или намали?

Секако дека намалив на интензитетот и на тежините со кои вежбам.

Некои луѓе дури и сега викаат дека кревам премногу килажа, но тоа е всушност 40-50% помала килажа од таа со којашто претходно сум вежбала со години.

Искрено, не можам да кажам дека не се плашам од ризици, секогаш постои ризик доколку се претера.

Затоа, гледам тренингот да е умерен, по мои способности - си го познавам своето тело и не сакам да ризикувам, сепак ова е моја прва бременост.

И дали се консултираше со својот лекар дали и колку смееш да вежбаш, откако дозна за бременоста?

Секако дека да. За среќа, мојот гинеколог е и фитнес фанатик и точно знаеше што вежбањето значи за мене и дека не можам да си дозволам да не вежбам или, пак, да вежбам со тегови од 2-3 килограми.

Со негова консултација и следење на целиот процес, јас успеав да одржам здрава и безбедна бременост, но и да уживаме и јас и Максим во бенефитите од физичката активност.

Би сакала, еве, и јавно да го поздравам доктор Јосиф Ѓорески што ми ја обезбеди таа сигурност и смиреност во текот на целиот процес, како и неговата сопруга, докторка Ива Ѓореска, која воедно ќе го донесе и малиот Максим на овој свет.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-02.jpg

Се подготвувате ли со Александар за раѓањето на синот - дали можеби уредивте детска соба, купивте облека?

Секако дека да. Сè е спремно, само уште да дојде моментот. A времето лета.

Што ти се смени во секојдневието откако дозна за бременоста - има ли работи од кои се откажа?

Буквално ништо ми се нема променето, освен тоа што повеќе не спијам на стомак.

И нормално, летово не можев да изиграм ни партија баскет (ха-ха).

Дали читаш книги за трудници? Се советуваш ли со пријателки кои имаат мали деца?

Повеќе читам книги за родителство и за нутриционизам кај бебињата.

За сè останато се консултирам со Ирина Камилоска, една од моите најдобри другарки, која е експертка во мајчинство (капа долу).

Таа ми е преголема поддршка - ние сме добри пријателки со години, и со оглед на тоа што она веќе има едно синче, а беше бремена со ќерката во ист период со мене, ме едуцираше буквално за целиот процес.

Таа и ми даде препорака за курсот кој моментално го посетувам и преблагодарна сум ѝ за тоа.

Всушност, од минатата недела одам на курс за трудници и за доење, затоа што целосно сакам да ја преземам улогата на мајка.

Сакам да се едуцирам за сите предизвици со кои се соочуваат мајките при раѓањето на своето дете, со цел да можам сама да се справам со истите.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марио (21) од Битола учи факултет и има фарма во село Крклино: „Носам кози на пасење, собирам јајца ... „Живеам во Битола, но на имотот од дедо ми во село Крклино на 15 години ја започ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg