Моника од Струга го победи ракот на грло на матката: „Крвавењето меѓу два циклуса ми беше сигнал дека нешто не е во ред“

Како изгледаше процесот на лекување? Правевте ли операција?

После резултатите од биопсијата, веднаш ја закажав операцијата.

Се оперирав во приватна болница, а операцијата беше и повеќе од успешна, се чувствував добро.

Можам да споделам дека третирањето во болницата, односот на целиот персонал беше беспрекорен.

И дефинитивно поради нивниот однос, охрабрување, влевање надеж - јас не паднав психички.

Ме оперираше доктор Благојче Обедниковски, па нему и на сите им благодарам од срце за третманот.

По опоравувањето од операцијата следеше период на домашна рехабилитација од 20 дена.

На 20-тиот ден мораше да се пријавам на онкологија.

Искрено, многу се спремав психички за на онкологија, за самиот влез во таа болница.

Бидна и тоа - мојот прв преглед на онколог.

Тогаш паднаа и моите први мои солзи од срце исплакани, кога ми соопштија дека ќе имам само 25 зрачни терапии, а хемо нема да примам. 

И самиот чин на зрачење е многу тежок, 5 недели во Скопје, одделена од децата. Болките од зрачењето се тешки бидејќи е локално.

Повраќање, изнемоштеност, изгореници, инфекции.

Но, и тоа помина, сè се издржа.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-15.JPG

Кој ви беше најголема поддршка и без кого не би го издржале целиот овој процес?

Семејството на прво место, се разбира. По операцијата заминав кај мајка ми.

Децата беа со мојата сестра и со мајката на сопругот.

Кога заминав на зрачење, мајка ми беше со мене во Скопје, да има кој да ми зготви, да е тука да ми помогне, да ми испазари.

Целосната нега таа ми ја правеше кога јас не бев способна.

Како што кажав и претходно, во мојот случај јас имав армија луѓе кои ми беа поддршка и помош.

Пристигнуваа лекови и витамини од сите страни на светот, сите што разбрале и слушнале за мене сите ми испратиле нешто (знаат дека им сум преблагодарна за секој чин кон мене).

Без сите нив јас немаше да успеам!

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-07_copy.JPG

Како реагираа семејството/пријателите кога им ја кажавте дијагнозата?

Самиот збор рак и ден денес ми создава непријатно чувство, страв и немир.

Така е и за сите кога ќе го слушнат тоа, а не камоли некој близок да е болен.

Сите беа исплашени, иако пред мене тоа не го покажуваа.

На денот кога им ја соопштив дијагнозата сите беа како неми, а јас бев таа која беше преплашена, како на седмо небо се чувствував, отсутно, како да имав магла во мозокот.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-09.JPG

Секој ги води животните битки на свој начин, како ја водевте вие вашата?

Се прашував што Бог толку ми замерил, па таква тежина ми доверил. Но, Бог ти дава искушение знаејќи колкав е крстот што го носиш.

Бев храбра, отворена за разговор, болеста не ја криев и не се срамев да кажам дека сум болна, барав излез од ситуацијата, се советував, истражував, променив исхрана (станав вегетаријанец), се посветив на програми за детокс на организмот, се посветив на лекови кои ги користеле нашите баби, прабаби.

Правам и понатаму сама чаеви, тинктури.

Си креирав Инстаграм профил, @cancerfighterfoodrecept, на кој сè што си приготвував во текот на лекувањето го споделував и тоа ми беше како некоја занимација за да го оттргнам умот од целосната ситуација.

Се посветив повеќе на самата себе - по карциномот јас сум си на прво место во мојот живот.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-17.JPG

Што ви беше издувен вентил и ви даваше енергија да го издржите процесот?

Молитвата. Посета во црква, учествување на литургија...

На сон сонив дека сум болна, или што би рекле старите имав „привидение“.

Самиот сон ми беше еден доказ низ тоа што го поминувам, и знаев по сонот како ќе се заврши.

Одев на чести прошетки со моите деца и сопругот, на планинарење.

Ме смирува сè што се случува во природа, покрај езеро.   

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-02.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава