Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро, а јас неговото море“

Сепак, имаме и нешто што е наша заедничка основа и мислам дека тоа е најважно. Нашите детски, чисти души се споија толку вешто, што успеавме сите разлики и недоразбирања да ги надминеме, некои полесно, некои потешко, но успеавме.

Она што ми е многу важно е што и двајцата сме индивидуи кои свесно решија да делат живот заедно, секој од нас има свое секојдневие и не сме си сенка една на друг.

ljubovnata-prikazna-na-ksenija-nikolova-i-nenad-mi-beshe-simpatija-ushte-vo-sredno-toj-e-moeto-sidro-a-jas-negovoto-more-03.jpg

Не би можела да бидам дел од приказна што ме гуши, а мислам дека ни тој. Да умееш да му го оставиш просторот на партнерот е одлика на зрелоста, но и на тоа колку добро го познаваш.

Животот ни фрла многу предизвици, тоа важи за сите нас, но што учиме од тие предизвици, тоа е веќе индивидуално.

ljubovnata-prikazna-na-ksenija-nikolova-i-nenad-mi-beshe-simpatija-ushte-vo-sredno-toj-e-moeto-sidro-a-jas-negovoto-more-09.jpg

Мислам дека допрва ќе се гледаме себеси од други агли, и јас и тој, допрва следуваат нови хоризонти за нас, затоа што многу пат изодевме, многу научивме, лекциите ги претворивме во нова матрица што функционира подобро од старата.

За мене домот е многу важен и мирот ми е нешто што не го менувам за ништо.

Среќна сум што се сложуваме за ова со Ненад и што често во наједноставните работи наоѓаме најмногу среќа, како на пример играње карти, јадење сладолед, дискутирање на некоја тема и прифаќање на фактот дека нема да се сложиме (ха-ха).

ljubovnata-prikazna-na-ksenija-nikolova-i-nenad-mi-beshe-simpatija-ushte-vo-sredno-toj-e-moeto-sidro-a-jas-negovoto-more-05.jpeg

Истовремено, во последно време сфаќам дека сите ние можеме да имаме повеќе варијанти од себеси во животот, онаа авторитетната да ја оставиме за во професионалниот свет, а онаа забавната и кревката да ја носиме дома, на пример.

Многу е важно тие работи да се разграничат, зашто честопати она што треба да го носиме дома, го носиме на работа и обратно.

ljubovnata-prikazna-na-ksenija-nikolova-i-nenad-mi-beshe-simpatija-ushte-vo-sredno-toj-e-moeto-sidro-a-jas-negovoto-more-10.jpg

Нашата љубов има повеќе слоеви, една е онаа романтичната, една е онаа другарската, а онаа најдолу, основната, таму е љубовта што ја имаме еден за друг како луѓе, односно она што вистински го мислиме еден за друг и она што си го посакуваме еден на друг.

Мислам дека таму лежи нашата најголема сила. Тој е моето сидро, а јас сум неговото море“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Мила и Методи од Скопје: „Нè поврзаа многу одиграни партии билјард и изедени б... Мила Велевска (26) е маркетер и модел, а Методи Пендаровски (28) е грумер на мил...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро н... „Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев шт...
Љубовната приказна на Марија и Били Барберо: „Само што ја запознав, ми отиде на одмор од 40 дена - ј... „Били е Турчин, роден во Скопје, но сепак има доста стереотипи кај нас, иако жив...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...

Најчитани неделава