Тања Јованова: „На 36 години добив дијагноза рак на дојка, сопругот работеше во странство, а моите близначиња имаа 5 години“
Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е?
Не плаши се да бараш помош. Опкружи се со позитивни луѓе кои те разбираат и поддржуваат, негувај ги душата и телото, било да е со молитва, медитација, музика, книга или само тишина.
„Ти не си само дијагнозата, ти си многу повеќе од тоа“. Тоа ме потсети да не дозволам болеста да ми ја одземе личноста што сум - мајка, жена, пријателка, борец...
Сметаш ли дека болеста те направи посилна?
Да, ме направи уште посилна. Почнав да живеам поприсутно, да не се нервирам за ситници.
Повеќе го ценам мирниот ден, моментите со децата. Сакам да одам на планина, на езеро, на свеж воздух, да читам книги, да слушам музика, да се дружам.
Но и покрај сè, не се ставив себеси на прво место 0 секогаш се другите пред мене. Така сум научена, но знам дека треба и јас понекогаш да бидам важна за себе.
Што промени во начинот на живот?
По болеста многу работи се променија. Морам повеќе да внимавам на себе - на исхраната, на одмор, да избегнувам стрес и инфекции.
Телото ми е почувствително, болките доаѓаат со промената на времето, но обврските не чекаат.
Научив дека не мора секогаш да бидам силна. Дека е во ред да побарам помош и почнав повеќе да живеам - со благодарност за секој ден и љубов кон малите работи.
Никогаш не знаеш колку си силен, сè додека силата не ти стане единствениот избор.
Порака до сите што во моментот минуваат низ истото...
Бидете позитивни и верувајте во Бог.
Знам дека е тешко. Знам дека има денови кога едвај стануваш, кога телото боли, а мислите тежат. Но и тогаш - ти си тука. И борбата што ја водиш секој ден веќе те прави победник.
Не си сам. Дозволи си да паузираш, но не се откажувај.
Диши длабоко, верувај во себе и не се срами да побараш поддршка.
Не мораш секогаш да бидеш херој во очите на светот - доволно е што си херој за себе. И треба да запаметиме дека дека дури и најтемниот облак, на крајот пропушта светлина.
Повеќе фотографии од Тања:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





