На Карина, Неготино ѝ стана дом, научи македонски јазик и снима хит видеа: „Шопска салата ми е омилена и фразата ‘Ќе биде’“
- Детали
- петок, 16 мај 2025
Браво Карина! И за македонскиот јазик и за ставот! Со пристапот на кој го објаснува начинот на живот во Македонија таа нè потсетува на сите убави работи за животот тука, кои ги подзабораваме на моменти. Од пикници во природа до појадок со шопска и ракија...

Карина Гонзалез Хил е девојка со прекрасна енергија на која Македонија ѝ станала дом, и тоа најверојатно во име на љубовта.

Таа живее во Неготино, веќе одлично зборува македонски јазик, а во коментари следбениците на Инстаграм ѝ коментираат дека има совршен неготински дијалект.
Карина зрачи со насмевка и со пристапот на кој го објаснува начинот на живот во Македонија таа нè потсетува на сите убави работи за животот тука, но и нè смее на моменти.

Од нашите највкусни специјалитети до најзабавните фрази кои ги користиме за разни намени во секојдневието, погледнете дел од нејзините видеа...

Таа на своја сметка се шегува: „Граматиката ми е малку лоша, ама крива е камерата... Ќе биде подобра за кратко“.
