Биљана Анѓушев 10 години живее во САД: „Отидовме со 13-месечно бебе, тешко најдовме работа со сопругот зашто бевме преквалификувани“

„Моето семејство сметаше дека веќе имаме сè што ни треба во Македонија. Мислам дека и раѓањето на нивната прва внука влијаеше на тој став. Од семејството на сопругот имавме половична поддршка. Најважно ни беше да нè разберат дека одлучивме да ја искористиме шансата, а ако не ни се допадне - ќе се вратиме назад“ - вели Биљана, која пред преселбата во САД имаше свое модно атеље и беше познато ТВ лице, но и модел.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-01.jpg

Биљана (Ѓоргиовска) Анѓушев (42) по професија е дипломиран технолог - конфекциски инженер, нешто за што мислела дека ќе ѝ биде професија за цел живот.

Вели, го избрала тој факултет зашто мислела дека ќе ѝ го продлабочи самоукото знаење за создавање мода.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-07_copy.jpg

„Иако не беше така, сепак воспитувањето и претприемачкиот дух со кој ме израснаа моите родители ме научија како да бидам упорна и вредна. Во 2013 година се оствари мојата најголема животна желба - го отворив модното ателје ‘Билиа’. Времето пред ‘Билиа’ ми беше период кога активно се занимавав со манекенство во Македонија и во странство, а потоа ме зафати и магијата на телевизијата.

Работев на неколку телевизиски проекти: Автомагазин, КУЛтура - летна шема, Избор за песна на Евровизија 2009, Пази ВИП зад волан, квизот Бројки и букви и 2 сезони на Моја свадба.

Сето ова ме научи како добро да се промовирам, но и да се маркетирам во новиот бизнис сегмент.

Вештината за шиење на машина и креаирање мода не ми беше непозната, но преставувањето на модната сцена беше поинаков предизвик. И денес сè уште поседувам машина за шиење, тоа ми е прибежиште кога сакам да сум сама во свој свет“ - се присети Биљана на минатото.

Денес, таа живее со САД со сопругот и своите две деца и работи како агент за недвижности во агенција која е франжиза на престижната интернационална куќа Sotheby’s, позната по аукции и продажба на луксузни имоти и предмети.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-06.jpg

За животот во Америка, зошто решила да се пресели таму, предностите, но и недостатоците на земјата, Биљана ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Како избравте токму Америка да ви биде место за живеење? Кога се преселивте таму? Каде точно живеете?

Баш и не избравме, така ни се погоди. Заедно со сопругот, на шега, учествувавме на лотаријата за иселеници, и втората година од аплицирањето јас добив известување дека сум потенцијален добитник на лотаријата.

Во тој период ‘Билиа’ работеше со полн замав и беше турбулентниот период на матурски забави и свадби, а јас го носев моето прво трудничко стомаче.

Кога сопругот ми ја соопшти новоста, додека работев на деликатен невестински фустан, се насмеав кога прашав: „А колку пари сум добила“?

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-04.JPG

Оттогаш имавме интензивен период од година и пол во подготовки и собирање информации, за да знаеме колку и дали е вредна шансата за да го пробаме тој американски живот.

Моравме да причекаме да се роди Ева, нашата ќерка, за да може административно да биде дел од документацијата за преселување.

Модното ателје го продадовме со голема грутка во грлото, на 16 ноември 2015, а веќе на 17-ти слетавме во Њујорк, со 13-месечната Ева.

Сега живееме во северниот дел на државата Њу Џерси, во градот Блумингдејл.

Тоа е мал планински град и многу ме потсетува на возухот на Пелистер (сеќавања од детството).

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-08.JPG

Што ви се допадна при првото стапнување во земјата, а кое ви беше најголемото разочарување?

Ќе почнам од разочарувањето, затоа што тоа беше првото искуство.

Ние двајцата со сопругот бевме претприемачи во Македонија, секој со свој бизнис и секојдневна динамика на комуникација со клиенти, споделување време и знаење со соработници, забава со блиски пријатели и викенд дружби со семејствата.

Кога се преселивме во Америка, бевме сами.

Благодарни сме на пријателите кои нè здомија и насочија во првите 2 недели, па потоа други пријатели ни помогнаа да се снајдеме во околината и системот, дали беше за пазарување за јадење или посета на лекар, или совет за тоа кои производи се замена за оние на кои бевме навикнати во Македонија.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-02.JPG

Првата година немавме автомобил па Мартин, наш драг пријател, ни беше придружба секаде.

Брзо ја сфативме потребата за автомобил, и малку бевме изненадени дека пешачење ретко беше возможно, особено за до поголемите комплекси со продавници.

Иако Њујорк ни беше идејата каде што сакаме да живееме, ја сфативме реалноста дека вревата и компактните апартмани се неспоредливи со широчината и порелаксираниот живот во „Државата Градина“ како што е прекарот на Њу Џерси.

Бевме позитивно изненадени од зеленилото, од слеаноста на градовите, од достапноста на океан и на планина, од изборот на храна за сите култури, од леснотијата за пазарување сè и сешто по интернет (од земја за цвеќиња до мебел) без комплексни системи, од едноставноста за започнување и административно водење бизнис, банкарскиот систем, од лесната достапност на информации и поставените системи кои важат за сите.

На пример, апликација за вадење пасош се прави преку интернет и се прави на шалтер во пошта и целиот процес трае 20 минути, а пасошот стигнува по пошта, заедно со важните документи.

Или, повторно регистрирање на возило се прави со аплицирање преку интернет, па регистерската таблица стигнува по пошта.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-03.JPG

Секој може да остави писмо во своето сандаче за поштарот да го земе и да го однесе во пошта.

Ова би било за регуларно писмо, запечатено, адресирано и со залепена поштенска марка соодветна на дестинацијата.

Ова е мојата омилена актовност во периодот на новогодишните празници кога 170 честитки патуваат низ Америка и насекаде во светот - Македонија, Данска, Белгија, Германија, Швајцарија, Австралија, Нов Зеланд итн. Радост и за мене и за примателите.

Сите вакви мали активности се олеснети затоа што има поставено системи и секој знае што се очекувањата и задолженијата, но и казнивоста.

На пример секој има задолжение да исчисти снег од тротоарите кои се за јавно користење, како и да го уреди својот двор кој е видлив за пешаците.

Ако тревата е обрасната над дозволената висина, сопственикот ќе биде парично казнет.

Секој има задолжение да го собере изметот од своето куче, како што има задолжение и да биде одговорен за селективно собирање рециклажни материјали во соодветни денови од седмицата.

Посетите на Њујорк ни се чести затоа што секогаш има што да се прави и нешто ново да се доживее во тој динамичен град.

Таму се полниме со енергијата на метрополитскиот живот. Се шегуваме со сопругот дека ако не дојдевме со Ева во Америка, сигурно ќе сме го живееле Њујорк секојдневно, со сите позитивни и негативни карактеристики.

Но, имајќи ја Ева со нас моравме да бидеме прагматични во одлуките за фамилијарен живот.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-05.JPG

Дали беше тешко да се остави тука сè, и да се тргне во непознатото?

Не. Ние веќе имавме искуство во интеграција во нова животна средина. Двајцата со сопругот сме родени и израснати во Велес, за да во факултетските години се преселиме во Скопје и таму останеме и после нив.

Во тој период бевме велешаните во Скопје, а кога ќе си бевме вратени на викенд во родниот град, бевме скопјаните во Велес.

Кога се преселивме во Америка, бевме Македонците во Америка, а кога се враќаме на посета во Македонија, нè викаат Американците кои си дојдоа во Македонија.

Никаде не си на своето, иако ние не се чуствуваме различно на ниту едно место, тие сме истите, Биљана и Кире.

За мене најтешката реалност беше што го продадов бизнисот на ‘Билиа’ и морав да се одделам од мојата најголема страст, дејноста во која уживав во секој момент од нејзиното тригодишно постоење, за која цел мој живот се подготвував да ја остварам.

Секако дека ни недостасуваа и нашите семејства и пријатели, но со денешната современа технологија, секој тип на комуникација е достапен и чувството на оддалеченост е само географски факт.

biljana-angjushev-10-godini-zhivee-vo-sad-otidovme-so-13-mesechno-bebe-teshko-najdovme-rabota-so-soprugot-zashto-bevme-prekvalifikuvani-09.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“ „Сама сум често со двете деца, сопругот не дека не сака да биде со нас, туку так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg